Дипломатите од најголемите индустриски развиени земји во светот не успеаја да најдат заеднички јазик за руската војна во Украина и за тоа како да се справат со нејзиното влијание врз пратките на жито и врз енергетските пазари.
Рускиот министер за надворешни работи излезе од двете сесии кои ги одржуваа дипломатите од Групата 20 (Г20), поради критиките за војната против Украина и поради повиците до Русија да му дозволи на Киев да испорачува жито во светот, пренесува Радио Слободна Европа.
Состанокот, кој се одржа на 8 јули во Бали, Индонезија, имаше за цел да ги постави темелите за самитот на лидерите на Г-20 подоцна оваа година.
На врвот на агендата беа војната и зголемените глобални цени на храната и енергијата што произлегоа од неа.