• Latest

Земјите од Западен Балкан се дел од Европа и тие мора да бидат вклучени во нејзините стратегии

November 22, 2022

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Земјите од Западен Балкан се дел од Европа и тие мора да бидат вклучени во нејзините стратегии

November 22, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Високите претставници од регионот и Европа на воведниот панел насловен „Социјално-праведна трансформација за енергетски самоодржлива Европа“ ги отворија прашањата за импактот од политичките одлуки кои треба да овозможат општествено праведна и енергетска трансформација. Импликациите од актуелната енергетска криза во земјите од Западен Балкан и во поширокото соседство и начините за нивно надминување беа во фокусот на првиот панел од Социо-еколошкиот форум кој денеска се одржа во Скопје.

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Фондацијата „Фридрих-Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, премиерот на Косово, Албин Крути, поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, професорката од скопскиот Универзитет „Кирил и Методиј“, Христина Спасовска и Генералниот секретар на Социјалистичка партија од Албанија, Дамијан Ѓикнури, дискутираа за потесна соработка меѓу европските прогресивни лидери со цел јакнење на безбедноста, одржливост на економиите и надминување на недостигот на фосилни горива во Југоисточна Европа.

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја поздрави можноста да се разговара на оваа клучна тема не само во регионот и во Европа, туку на глобално ниво. Коментирајќи ги предизвиците при социјално-еколошка транзиција тој посочи дека најголемиот удар врз дисбалансот на пазарот на електрична енергија дојде после руската агресија на Украина, при што дојде до недостаток на енергенси во Европа, пред се гасот од кој зависеше и цената на електрична енергија, меѓутоа и снабдувањето со електрична енергија.

„Она што мислам дека  треба да се направи се три принципи: соработка, инвестиции и солидарност. Во услови на криза секогаш е добро да се инвестира и тоа да се искористи при трансформацијата.

Не смееме да дозволиме како во времето на транзицијата луѓето да остануваат без работа бидејќи јас и тогаш сум зборувал и сега таа транзиција беше направено комплетно без концепт, затоа огромен број на работници во државата останаа без своите работни места. Тоа во овој случај нема да биде дозволено. Работниците ќе бидат тренирани и ќе работат на новите централи кои ќе се градат… 

Тој се осврна и на соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и преку заедничкиот пазар и пакетот помош кој беше наменет и за земјите од регионот, што претставува добар пример на соработка.

Мартин Шулц ја потенцираше важноста и итната потреба од социјална и еколошка трансформација на земјите од регионот, нагласувајќи ја можноста за блиска соработка со европските институции при имплементација на политиките од сферата на животната средина, со цел поефикасно надминување на предизвиците во контекст на зелената агенда.

„Потребни се глобални решенија, а истовремено сведочиме дека структурите и институциите кои ни се потребни да дојдеме до глобални решенија се ослабнати. Потребна е меѓународната соработка, особено улогата на ООН која е под закана, особено тешко е да се дојде до заеднички обврзувачки заклучок меѓу светските учесници. Советот за безбедност на ОН се наоѓа во апсурдна ситуација со оглед на тоа дека државата која ги предизвикува проблемите може да ги блокира одлуките како што е случајот со Русија која ги прекршува меѓународните правила“.

Шулц смета дека тоа е причината зошто државите се свртени кон национални решенија што доведува до хетерогена ситуација. 

„Мора политички да инвестираме се’ што е потребно во оваа социјално-еколошка трансформација, треба да им се каже на граѓаните дека ќе дојде до промени особено заради војната во Украина која директно влијае врз порастот на цените на енергенсите и храната, и затоа ни требаат долгорочни стратегии ако сакаме да се справиме со овие проблеми“, рече Шулц.

Поранешниот претседател на Европскиот Парламент од Форумот истакна дека ЕУ мора да сфати оти Европа не се само членките на ЕУ, Европа е и Обединетото Кралство и земјите од Западниот Балкан кои се надева ќе бидат идни земји членки на ЕУ.

„Сите тие мора да бидат вклучени во стратегиите на ЕУ која има финансиски средства кои треба да бидат одвоени особено за државите погодени од оваа економско-енергетско криза“. 

Тој потенцираше дека не смее да има двојни стандардни: „Со оглед на тоа што сум во Северна Македонија можам гласно да кажам дека таа ги исполни сите услови особено со потпишувањето на Договорот од Преспа кој овозможи Грција да го укине ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ,  но потоа следуваше вето од Франција и ова не смее ова да се повтори“, нагласи Шулц.

Косовскиот премиер, Албин Курти зборуваше за тоа дека надминувањето на сложени проблеми бара градење силни сојузништва за да се изградат отпорни општества во Европа и пошироко.

„Енергетската криза може да се надмине само ако бараме регионални решенија, а не секоја држава сама за себе. Косовската влада ги поставува новите основи за идниот енергетски сектор со цел да обезбеди чиста енергија, систем кој ќе овозможи социјално-праведна транзиција. Работиме на интегрирање на пазарите, за нас е особено важна интеграцијата со албанскиот енергетски пазар“, истакна Курти.

Курти појасни дека сите држави се во процес на енергетска транзиција и трансформација и дека сите треба да обезбедат правична трансформација, а за Косово потенцираше дека треба да води сметка особено за работниците од електраните кои работат на јаглен и никој да не биде оставен незаштитен.

„Во основа секоја политика треба да биде насочена кон социјална правда, треба да имаме енергетска политика која ќе обезбеди енергија која граѓаните можат да си ја овозможат и нивно активно учество на енергетскиот пазар. Во блиска иднина планираме да дојде до поставување на соларни панели, ефикасни системи за греење во домаќинствата кои се базираат на соларна енергија. Треба да се зголемат инвестициите во енергетско ефикасни домаќинства“, рече Курти.

Премиерот на Косово, Курти кој денеска беше присутен на Социо – еколошкиот форум во Скопје, иако беше најавено дека ќе се појави на прес-конференција по панел – дисусиите, тој ги избегна новинарите. Тоа беше негово прво појавување во јавноста по вчерашната рунда разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ околу проблемот со регистрациите на автомобили на Србите од Косово.

Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде стави акцент на социјалната кохезија како клучна компонента при создавање на социјална рамка која ќе гарантира инклуизивност во општествата каде економско-енергетската криза најмногу ги погодува социјално ранливите групи. Таа нагласи дека прашањата за животната средина и безбедност постојано имаат зголемен интерес.

„Социјалниот развој мора да биде главна компонента во тој процес. Потребна е целосна трансформација на нашите општества, особено во Југоисточна Европа каде предизвикот е уште поголем. До 40% од населението во овие земји не можат да ги затоплуваат своите домови. Климатската транзиција е најважниот предизвик бидејќи има социјални и економски последици, што значи ќе влијае врз секојдневието на граѓаните особено во контекст на работните места“, рече таа.

Линде подвлече дека транзицијата мора да гарантира место за граѓаните на работниот пазар и од таму праведната-транзиција мора да ги земе предвид и новите вештини кои треба да се обезбедат за да се дојде и до нови работни места, со оглед на фактот дека многу ќе бидат и изгубени. 

„Прогресивното движење може да биде најважната сила во постигнувањето на праведната транзиција, не гледајќи на енергетската транзиција како на непријател“, – заклучи поранешната шведска министерка за надворешни работи, Ан Линде.

Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде денеска во Скопје изрази благодарност до Северна Македонија за поддршката на напорите на Шведска за членство во НАТО.

„Особено е важна оваа поддршка од сите 28 земји, вклучително и од Северна Македонија. Без двоумење заземавте позиција против Русија и стопроцентно се усогласивте со одлуките и надворешната безбедноста политика на унијата, нагласи Линде, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Поздравувајќи го неодамнешниот старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, Линде, порача дека не е добро за ЕУ тоа што не ги започна преговорите порано, но сепак е добро што конечно тоа се случи.

„Шведска ќе претседава со ЕУ од јануари 2023 година и Владата и опозицијата се силно посветени на поддршка на Северна Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ, порача Линде, нагласувајќи дека на овој пат не очекува многу работа, но дека вреди да се направи тоа“, рече таа.

Професорката од Универзитетот „Кирил и Методиј“, Христина Спасевска се осврна на социјално-праведната транзиција, дефинирајќи ја како здружување на сите актери кои можат да придонесат за правичен регионален развој во индустријата, јавната администрација, владата, граѓанското општество и други кои ја споделуваат оваа цел. 

„Сите тие треба да ги здружат силите за да работат заедно, со цел да ги најдат најдобрите начини за нивните региони и заедници и да создадат квалитетни работни места. Овој модел може да се користи за трансформација на енергија од фосилни горива – до обновливи извори на енергија“ – истакна Спасевска.

Генералниот секретар Ѓукнури нагласи дека она што го прави Албанија не е поразлично од предизвиците на другите земји.

„Албанија зависеше само од еден извор, хидроенергијата, што претставува ранливост во овие кризни времиња –  тоа ја нагласи важноста од потреба од повеќе извори на енергија. Главната политика на сите земји од регионот и Европа треба да биде комбинирање на тие различни извори со што би станале и компетитивни на енергетскиот пазар“.

Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија се одржа на 22 ноември 2022 година во Скопје. 

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ