• Latest

Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес

June 30, 2018

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори

October 16, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес

June 30, 2018 10:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Законите, прописите и праксата во областа на политичките и изборните права на лицата со попреченост во помала или поголема мера имаат одредени ограничување за учество и пристапност на лицата со попреченост и ненамерно ја поттикнуваат потребата за зависност од други лица кои одлучуваат во нивно име. За да се надмине оваа состојба Здруженито „Инклузива“ од Куманово и Државната Изборна Комисија потпишаа Меморандум за соработка со кој се залагаат за зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес.

Проектот „Зголемување на учество на лица со попреченост во изборниот процес“ е поддржан од Американската амбасада и се реализира од 2016 до 2018. Ги дава очекуваните резултати, зашто говори и фактот дека првично требаше да се реализира една година, а потоа се пролонгираше за уште една“, вели Благица Димитровска од „Инклузива“.

Портпаролот на Државната изборна комисија и раководител на одделението за едукација на изборни органи, политички партии и граѓански здруженија, Адмир Шабани, вели дека ДИК како највисок орган за спроведување на изборите посебно води грижа за едукација и начинот на гласање на лицата со попреченост, за што се овозможени и соодветни услови за лица со одреден вид попреченост.

дик инклузива

Согласно, потпишаниот Меморандум, одржани се тридневни обуки за администрацијата на ДИК, дополнителни девет со општинските изборни комисии.

– Покрај организираните работилници, ќе има и други активности во соработка со Здружението „Инклузива“, се со цел да се искористи нивната стручност и нашата волја во однос на креирање на материјали кои би им помогнале на лицата со попреченост во пристапност во изборниот процес, се разбира во согласност со одредбите од Изборниот законик“-нагласува Шабани.

Недостапност на гласачки места и недоволна едукација

Истражувањата на службите и активистите на граѓанската организација покажале дека во североисточниот и полошкиот регион 63 проценти од гласачките места се недостапни за лицата со телесна попреченост, а на ниво на Македонија од посетени 88 проценти од вкупниот број гласачки места дури 70 проценти се недостапни за лицата со попреченост. Најголем процент од гласачките места во Македонија немаат пристапни рампи, доколку надворешно се пристапни, не се во внатрешноста на објектот, дел од гласачките места се на вториот кат, нема лифтови или доколку има тогаш не се одржувале поради недостиг на финансии. Во текот на истражувањето било утврдено дека целосно е нарушено гласачкото право на лицата со сто проценти оштетен вид, бидејќи за нив секогаш гласал некој друг. Претходно, вели Димитровска, надлежните институции задолежни за организирање избори во многу краток рок објавуваа нови правила.

– Оние кои сакаа да гласаат во домашни услови им беше оневозможено тоа право, бидејќи им беше барана потврда од матичен лекар или решение од Центар за социјална работа дека се корисници на додатоци, што не треба да е пракса, бидејќи лицата со попреченост имаат траен документ. Исто така не беа издвоени од категоријата болни и изнемоштени, оти болните се лекуваат, додека кај овие лица состојбата е трајна, појаснува Димитровска.

Гласање изнемоштени

Претходно, вели и едукативниот материјал бил недоволно разбирлив, исто како и веб страната, на гласачките места немало сликовити прикази. Видеата за гласање имале знаковен јазик, но биле само поттикнувачки не и објаснувачки.

Шаблон за гласање за лицата со оштетен вид, подобрена едукација, достапност до информации

Во 2017 година ДИК воведе шаблон за гласање со Браево писмо со што на лицата со оштетен вид им се овозможи самостојно да гласаат. Претходно било воведено гласасње само со Браево писмо, иако само 20 проценти од лицата со оштетен го познаваат. Според Димитровска овој шаблон можат да го користат и неписмените лица.

браево писмо

Што се однесува до лицата со инвалидитет, беа обезбедени посебни специјални паравани за гласање во секое избирачко место“- додава Шабани.

Од ДИК појаснуваат дека не се сопственици на ниту еден објект каде што се врши гласањето, туку се користат јавни објекти, во одредени места се користат и објекти на физички лица.

– Во случаевите каде што гласачкото место е лоцирано на кат и нема услови за обезбедување пристап на лицата со попреченост, се обидуваме секогаш да пронајдеме соодветно решение преку нашите подрачни одделенија кои се и надлежни за предлагање на промена на описи на избирачки места. Веќе во целина, по завршување на увидот имаме информации за изборните места кои можат да се проверат на официјалната страна на ДИК, вели Шабани.

Димитровска вели дека ќе препорачаат во руралните средини да се воведе гласање на едно избирачко место кое е достапно по примерот со раселените лица.

Што се однесува до пристапноста до информациите веќе се приспособува веб страната на ДИК за да биде достапна за лицата со попреченост.

– Продолжуваме кон целосна имплементација на Меморандумот. Во соработка со стручни лица ќе се обидеме да ги усовршуваме материјалите за едукација, да подготвиме нови материјали за лица со попреченост, ќе се обидеме да најдеме адекватни избирачки места, додава Шабани.

Препораки на „Инклузива“ за политичките партии

Димитровска вели дека како здружение ќе препорачаат на листите за советници и пратеници да има квота – барем две лица со попреченост да се најдат на листите на повисоките позиции. Досега вели таа од осамостојувањето до денес немало ниту едно лице со попреченост во законодавниот дом. Димитровска потсети дека дел од политичките партии за време на локалните избори на три листи предложиле кандидати за советници во општините Брвеница, Прилеп и Крива Паланка, но дека ниту во една не влегло лице со попреченост.

„Инклузива“ ќе побара и измени во изборните права во однос на лицата на кои им е одземена деловната способност. За ова, вели ќе го понудат искуството од Хрватска каде што лицата со одземена деловна способност гласаат, а кај нас овие лица се избришани од избрачкиот список. Од здружението ќе побараат лицата кои се сместени во згрижувачки семејства да гласаат во местата каде што се сместени, а не каде што се заведени по место на раѓање како што е досегашната пракса, па поради финаниски трошоци за патување овие лица воопшто не гласаат.

Набљудувачи за пристапност на лицата со попреченост во изборниот процес

Здружението „Инклузива“ обезбеди акредитација за наредните претседателски избори. Во иднина ќе се одржат обуки за новинарите и ќе се издаде прирачник со кој ќе се едуцираат за известување за пристапноста на лицата со попреченост во изборниот процес.

– Медиумите се нашата единствена голема поддршка во застапување на правата на лицата со порпреченост, -додава Димитровска.

Проектот е поддржан од ОБСЕ и ИФЕС.

Александра Максимовска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зголемување на учествотоизборниот процеслицата со попреченост
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ