На својата веб страница, прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ вредно ги објавува бисерите на своите пратеници за време на вчерашната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања каде на дневен ред беше одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски по барање на судот во случајот каде што е обвинет како еден од организаторите на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Сѐ е кажано во цитатот од пратеничката, кој и самата партија го споделува со јавноста:
„Ова станува рутина и пракса. Ние овде од тероризам ни „т“ немаме. Со тоа што тука дебатираме не го попречуваме судот да си ја врши работата. Доколку сакаме да ја почитуваме висината на функцијата пратеник мораме да преземеме нешто оваа пракса да се смени. Законот е контрадикторен, бидејќи се приведуваат пратеници и се вршат претреси, па после предистражна постапка, па истражна, па на крај се подига обвинение. Во меѓувреме пратениците иако имаат имунитет се приведуваат“.