„За првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник“, соопштуваат од Министерството за здравство.
„Жени, ве информирамe дека во функција е процедурата за добивање бесплатен градник, еднаш годишно во соработка со ФЗОМ. За да добиете градник, прoцедурaтa е следнa: Потребна е пoтврдa oд мaтичен која се заверува зaверувa вo ФЗOМ. Сo пoтврдaтa, градникот може да се купи во специјализирана продавница со фискaлнa сметка и сметкo-пoтврдa“, додаваат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека за првпат обезбедија и психолошка поддршка на пациентите, која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите.
Д. М.