• Latest
Војо Маневски

Женски јазик

July 22, 2022
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Женски јазик

July 22, 2022 13:20
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Насловите треба да се патоказ за текстот кој следува, е едно од правилата на пристојното пишување на текстови. Кога го ставив насловот на текстот кој следува пред сѐ мислев на карактеристиките на нашиот јазик и неговата операционализација во имињата на субјектите кои ни го кројат животот. Оние што не ни го признаваат јазикот имаат свои причини за тоа и многу не ме оптoварува нивниот став за мојот јазик. Советот кон нив е да си го гледаат својот јазик и неговите карактеристики, а за нашиот ние ќе си се секираме.

Од вчера ни најавија скенирање на состојбите кај нас. Барам да најдам пристоен превод од англискиот и излезе дека тое ти значело откривање, а во некои контексти и чистење. Ако е точен преводот, кај нас во општеството има доста работа и во откривањето на затскриените работи, а уште повеќе во чистењето на добар дел од откриените состојби и појави.

Да почнеме прво од имињата на органите на државната власт. Тие вршат јавна работа. И именката и заменката се женски род. Заменката може и да остане таква зошто ја отсликува природата на поимот.  Јавноста секако подразбира да нема тајни, а тоа некако ми заличува на женска карактеристика. Именката мора да ја менуваме зошто, ако остане вака во овој род нема да го поминеме испитот за ЕУ. Таму преовладуваат машки именки за таа активност. Она џоб или арбајт звучат машки . А кај нас сѐ е во склад со родот на именката. Еднаш е во едно расположение, а друг пат во сосем спротивно и зависи од некакви биолошки циклуси и внатрешната рамнотежа на женскиот пол. Затоа под итно лингвистите нека се фатат за работа и од овие дијалекти што им се на располагање нека склепаат нова именка. Само да не земат од османскиот речник – аргатлук некако неевропски звучи.

Претседател на Републиката ми изгледа сосема задоволително. Именката на првиот човек на државата е од машки род, а државното уредување е од женски род. Ова некако е складно само доколку поведението на претседателот е во склад со родот на именката.

Собрание на Републиката. Е овде мора да се интервенира со ново име. Собрание е среден род и според нашите квалификации тоа е нешто што допрва треба да добие полна зрелост. За сегашните состојби ова име одговара, зошто никој сериозно не го зема. Собранието има пратеници, ама кога се веќе во собрание и тие се однесуваат во склад со родот на името на органот. Си го доживуваат како транзициски период, влегуваат со машки ветувања, а полека се претвораат во состојба карактеризирана со навредливиот поим за жените и излегуваат како невини бизнисмени.

Ако веќе се подзачистуваме во сите сфери мора да смислиме ново прикладно име. На пример, како Хрватите да го наречеме највисокиот орган Сабор. Имаме можности да ги користиме другите словенски јазици, кои се веќе во Европа, а ќе покажеме и дека сме кооперативни. Тоа барем ни го признаваат – словенски јазик сме. Собор некако ми звучи најадекватно и исконски, ама експертите нека се произнесат.

Болката некако ни е најголема кај нависокиот извршен орган. Влада е женски род по сите критериуми кои ни се на располагање околу објаснувањето на нејзината улога. Се занимава со политика, а таа именка има незгодни додавки. Е овде мора да се најде некој збор што ќе бара машки постапки и тоа под итно. Научниците да се соберат во некое туристичко место на едно одредено време и нека предложат соодветно име. Кога можат историчарите да ја преиспитуваат историјата и да ни го осветлуваат патот до Европа, можат лингвистите да направат квалитативен скок во јазичната сфера. Само мора времето за дебата и одлука да се одреди зошто ако е по нивна волја ние можеме и да се вратиме од Европа, а не само да отидеме, додека тие најдат решение. На комшиите нема да им кажуваме, тие нека си го задржат она нивното правителство и нека им остане во среден род па така фино ќе направиме суштинска разлика меѓу дијалектите на македонскиот јазик. На располагање ни е и комунистичкиот термин извршен совет, кој сепак звучи по машки и револуционерно.

И тогаш замислете како убаво и прикладно ќе звучи она познатото – одам на Влада и ќе биде одам на Совет. Некако многу по јасно е кога се работи за рамноправноста меѓу половите.Вака,кога е женски род, некој безобразен може и да се изјасни како – одам во Влада, доле Влада, влегувам во Влада и ете ти сексистички говор што може да се протолкува во иднина и како говор на омраза, а таму сме изложени на европскиот суд. Затоа, господа научници, речниците во раце и најдете прикладно име за нашиот извршен орган, ама да е машко.Имајте на ум дека од нас се бара ледерство а тоа е машки род именка .Од промената на именката за Влада ќе следува и цела постапка на прилагодување кон современиот речник.

Во Владата седат министри, а раководат министерства. Не оди повторно и е дискриминирачки. Министер е машка именка, а раководи со институција која е именувана со среден род. Не оди никако средниот род да биде под притисок на посилниот пол. Нема Европа таква дискриминација да ни дозволи, ќе го согледа тоа уште на првиот скрининг и ќе мораме да се менуваме. Дури и да е министерка на чело на министерството, пак е нерамноправност, а може да се сфати како фамилијарност. И овде може да помогне стариот термин- секретаријат. Секретарот е на чело на секретаријатот – тоа навистина звучи порамноправно. Добро, знам дека има една фалинка кога на чело на тој секретаријат ќе дојде женска особа. Според полот мислам,не според карактерните црти. Е тогаш лингвистичките правила велат дека треба да се вика секретарка. Е овде ќе се појават низа на меѓусебни односи помеѓу секретарката и секретарот и ниту Европа толерантната кон различностите нема да нѐ разбере. Затоа мора демократски термин и да се отфрли комунистичкото минато во оваа сфера. Навистина треба да се отворат досиејата и да се види, кој ја инсталирал таа нерамноправност и од кој јазик е превземена некаде после четириесет и петата. Досиејата на видело, иако и тие се од среден род, па затоа и се малтретираат веќе триесет години.

На локално ниво сѐ е во ред со родовите на имињата на локалните органи: градоначалник, совет и советници. Сите се со машки род и редно е да очекуваме машки одлуки. Малку е нермноправно кон женските именки, ама затоа и машките треба да се однесуваат со должно почитување кон нив. Овде некаква хармонија може да се воспостави, само да се промени именката за активноста и да се нарекува многу по машки за ралика од досегашната женско име работа. Стариот термин служба и службеник некако е претесен за европските норми иако има логичен след.

Од служба проилегува службеник, ама тоа е премногу експлицитно. За агенциите и другите органи немам толку простор во текстот да ги опишувам, пред сѐ зошто и не знам колку ги има и како се крстени, само знам дека ако се бара креативност во развојот на фондот на нашиот оспоруван јазик таму имаме евдидентен напредок.

И во правосудството мора да се интервенира. Судиите носат тоги што е именка од женски род, а треба да донесуваат машки одлуки. Можеби тоа е заради рамнотежа во постапката пред странките, ама во овој процес на скенирање можно е да треба да ги заменат тогите со некој поприкладни облеки. Од Европа ни јавуваат дека скенирањето и озрачувањето ќе било прво кај нив и кај администрацијата. Некако ќе се најде пак излез од состојбата, зошто и обвинителството ни е именка од среден род, а и делат ПРАВДА која е со женски род, а понекогаш и карактеристики што не се за пофалба.

Да подвлечеме. Нашиот јазик мора да претрпи измени, ако сакаме да се приближиме кон бараната ефикасност на органите на државата и општеството и да бидеме во склад со поглавјата од рамката за Европа. Не заради родот на именките, туку како барање за донесување на машки одлуки во смисол на нивната одлучност. Белким ќе почнеме и содржината која ги полни тие именки да се менува. Вака сѐ се побрка во системот.

Народот е именка од машки род, а сите му прават што сакаат, да не бидам непристоен. Партиите се од женски род, а му прават на народот сѐ што им треба, да бидам пристоен.

Упссс, ме заболе главата од предлози! Чекај, чекај, па и таа е од женски род. Очигледно голема работа ни престои, ако сакаме да сме европејци, иако таму ги бришат половите разлики, ама ете од нас бараат да се однесуваме според посилниот пол да демонстрираме лидерство, што ќе рече машки одлуки. Сила бога не моли, а и таа е од женски род.

Му нема спас на машкиот род дури и кога е во именките. Затоа, господа лингвисти ставете го машкиот род во заменките – ако не е веќе таму.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ