Во регионот Херсон, непријателот се уште не дозволува создавање на „зелен коридор“ за хуманитарна помош. Окупираниот Херсон, област Каховка, Хеническ – сè уште без потребните лекови а има и недостаток на храна.
Во текот на денот имаше информации дека Русите наводно дозволиле испорака на лекови до Нова Каховка – но подоцна регионалните власти тоа го демантираа. Во меѓувреме, собирите против руските напаѓачи продолжуваат во областа Херсон. Луѓето не се плашат да излезат голораки против вооружените окупатори.
Ж. Димовски