• Latest
Добро утро со Орданоски

„Живот за сите“, освен за бебињата?!

October 11, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Живот за сите“, освен за бебињата?!

October 11, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о нормални држави, кога ќе ви умрат 130 бебиња за неполни десет месеци во главното државно породилиште во земјата, се одлагаат сите други активности и се решава тој проблем ИТНО и БЕЗ ОДЛАГАЊЕ! Само во Македонија може да се случи надлежниот министер (за здравство) да се даде во нова изборна кампања, додека има криза од ваков обем во ресорот, а при тоа да се надева и дека ќе ги добие изборите! И само во Македонија премиерот ветува здравствени ДОНАЦИИ, качен на бина на предизборен митинг – дополнителен популистички митингашки безобразлук е што тоа ќе го направел со парите заработени од продажбата на мајбахот на Грујо!

Па, каков „Живот за сите“ ветува Заев по митинзи, кога ни/му умираат бебиња по државни инкубатори како да се вински мушички?! И кои се тие други приоритети во државата, за надлежното Министерство да не може да набави – без тендер! – толку нови инкубатори (20, 50, 100?) колку што се неопходни. Всушност, зошто веќе ВЧЕРА, итно и без одлагање, не се набавени тие неопходни апаратури?!

Конечно, само во Македонија за тоа НИКОЈ не одговара, а претпоставувам дека барем пет-шест души од здравствените кадри во 11-те изминати години на бившата власт, би требало некој надлежен љубезно да ги покани на распит по овој повод. Не знам зошто, прв на памет ми доаѓа Нино Тодоров.

За лошата состојба со македонското јавно здравство, објективно, нема друг виновник туку ВМРО-ДПМНЕ, според едноставната логика на фактот од еднодецениското суверено владеење со државата. Што сакаа, тоа правеа. Без ограничувања, ни за пари, ни за политики, ни за морал. Ако на Груевски му „прднеше“ или на баба Нада ѝ се сонеше да направи ракетодром на паркингот на Клинички центар, за тоа ќе се најдеа и експерти кои ќе го бранеа проектот и милиони евра и фирми за набавка на ракетните мотори и некој токмак за директор и некој распоп за камен-темелник, а Сител и Канал 5 ќе вршеа директен пренос од сечењето на црвената лента од отворањето на уште еден бесмислен проект на таа влада.

Ееееј, за панорамско тркало одделија 20 милиони евра, а зад себе оставија здравствен распад-систем. Стотици родители секој ден молат за пет или десет илјади евра медицинска донација за децата да им преживеат од нешто, надвор од Македонија.

Туку, јас имам предлог: бидејќи, еве, отворено се сомневам дека и СДСМ со своите коалициони партнери ќе биде кадарен да го среди здравството, не е ли време да побараме сериозна странска помош за тоа? За почеток, да платиме некоја солидна екипа на здравствен „Прибе“, кој за неколку месеци ќе ги сними состојбите и ќе ни ја плесне вистината в лице, таа што ние не сакаме да ја видиме бидејќи во јавното здравство се наоѓаме во состојба на акутен корупциско-политички преплет на црева?

Размислете: уште колку бебиња ќе треба да ни умрат за да дојдете на моево?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: здравствоЗоран ЗаевНикола Тодоровновороденчињасмрт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ