• Latest

Животот во Тетово за време на полицискиот викенд

April 12, 2020

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Животот во Тетово за време на полицискиот викенд

April 12, 2020 11:49
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Мирно, празно и вонредно. Вака изгледа Тетово на првиот викенд со 60 часовен полициски час кој започна во 16:00 часот во петок а ќе заврши во 05:00 во понеделник.

Тетовчани претежно ја почитуваа мерката за забрана на движење. Според официјалните податоци на СВР Тетово, во петокот  навечер мерката не ја почитувале само 3 лица кои без дозвола биле затекнати како се движат по стапување на сила на забраната. И вчера,  додека на терен беше тимот ЦИВИЛ Медиа, не се забележуваше поголемо движење на коли, освен случаите за итни потреби, со уредни дозволи или по претходни најави во полиција. Според укажувањата на полициските службеници лицата кои биле запрени преку ден биле работници кои имаат дозволи или лица кои се упатиле на тетовската болница.

Загрижувачки за Тетово е бројот на лицата кои се изолирани со одлука на санитарно-здравствениот инспекторат, лицата во самоизолација и оние во државен карантин. Овие бројки во минатите 24 часа пораснале.

„Досега 233 лица во подрачјето на СВР Тетово се во изолација со одлука на санитарно здравствена инспекција, од тие 185 во Тетово и 48 во Гостивар. Последните 24 часа уште 6 лица, 5 во Тетово и 1 во Гостивар добиле иста одлука од инспекторатот. Во државен карантин моментално се 296 лица, 210 во Тетово и 86 во Гостивар. Од денеска 136 лица го завршиле карантинот од трите објекти сместени во гостиварскиот регион и се пуштени на понатамошна домашна изолација, но од друга страна денеска во Тетово на државен карантин се ставени дополнителни 59 лица“, соопшти вчера Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Освен овие две категории, во полошкиот регион  бројот на лицата кои се со изјава за самоизолација е во пораст. На 45 лица кои биле досега, од вчера во самоизолација се уште 38 нови и тоа 16 во Тетово и 22 во Гостивар. Реџепи изјави дека полициски службеници редовно ги проверуваат овие лица и последниот период мерката за изолација, карантин и самоизолација се почитува и нема забележени некои сериозни прекршувања или непочитување на мерката.

Полицискиот час тежок, но се почитува

Граѓаните на Тетово и околината иако ја почитуваат мерката за забрана на движење, не кријат дека ги доживуваат тешко и тоа создава револт и нетрпение кај нив. За оваа мерка има различни толкувања, но стравот од корона вирусот од една страна и високите казни од друга страна ги тера на крај сите да ја почитуваат мерката.

 

„Не верувам дека има потреба до толку да се затвораме, ова ми изгледа претерано, но мораме да почитуваме. Не сум сигурен и не знам што се случува, ќе почекаме да видиме што ќе стане“, вели еден граѓанин кој спаѓа во групата која е незадоволна и не сакаат да веруваат во веродостојноста на мерките.

Но, други велат дека оваа е работа на институциите и граѓаните не би било добро да судат и да ризикуваат на своја глава.

„Никој не сака да се затвора, ни јас. Но бидејќи низ целиот свет се  донесени вакви мерки, ако ова го оправдуваат експертите, лекарите и институциите ние не може да ризикуваме. На крај опасноста е да се заразиме сите, и да ни се случи сценариото на Италија и по таква грешка никој не би се чувствувал спокојно. Затоа ќе бидеме трпеливи, за да ја надминеме оваа ситуација“, вели друг граѓанин на Тетово.

Тоа што го забележавме  е дека граѓаните со кои разговаравме сакаа да останат анонимни.

Стравот го поврзуваат со борбата против лажните вести и високите казни и секој од нив вели дека не сака да биде дел од групата која шири лажни вести или да се сфати така од едната страна.

„Не знаеш кој како ќе те сфати, или државата може да се револтира од моја изјава или група граѓани кои се противат ќе ми кажат дека јас сум наивен, подобро е да молчам“, вели еден од нашите соговорници.

“Бројката се крие” спроти “Бројката се пумпа” 

Населението во Тетово е поделено на три групи. Првата се оние кои не сакаат да анализираат повеќе но очекуваат институциите да ја завршат работата и тие да постапуваат по донесените мерки. Но две други групи се со сосема спротивставени теории на заговор.

Едната група се сомнева дека болниците и институциите ги кријат вистинските бројки на заразени со корона вирусот. Тие обвинуваат исто така дека и не се вршат доволно тестирања и дека многу заразени се оставаат дома да се лечат и за нив не се води евиденција.

Другата спротивна група мисли дека реално нема толку заразени, а најмногу се сомневаат на починатите лица од Ковид-19. Овие последните одат до таму што мислат дека и лица кои умираат од други здравствени проблеми се ставаат намерно во групата на заразени од корона вирусот. Оваа теорија ја оправдуваат со различни теории на заговор и мотиви, почнувајќи од тоа дека државата сака да добие повеќе пари од странство заради големиот број на заразени и починати до други објаснувања.

Но, двете спротивставени групи за нивните теории немаат ниту една одржлива аргументација или доказ. Се повикуваат на роднини на починатите, но без да спомнуваат имиња, а истовремено од ниту едно семејство од починатите нема такви сомнежи барем јавно кажано.

Друг извор на заговорниците се анонимните портали и лажните вести што циркулираат на интернет.

Онлајн култура и онлајн активности

Децата, учениците па и возрасните од тетовскиот регион, се повеќе да живеат онлајн, особено за време на полицискиот час. Освен образовните активности на интернет во пораст се и културните и уметничките активности. Деца кои имаат уметнички способности веќе почнаа да објавуваат разни културни точки, кој свири на виолина, кој танцува балет,  други раскажуваат приказни и слично.

Арбен Зеќири 

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ