• Latest

Жените се уште недоволно вклучени во бизнисот

April 27, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жените се уште недоволно вклучени во бизнисот

April 27, 2018 14:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учеството на жените во бизнисот и во креативните сфери и индустрии, иако постојано се зголемува, се уште не е на ниво на нивниот потенцијал. Тие треба да работат понапорно за да привлечат внимание за своите идеи и да се здобијат со почит во сферите што се уште се сметаат за машки, сметаат учесниците на денешното одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост организиран од Делегацијата на ЕУ и американската Амбасада во Скопје.

Претставникот на ЕУ Јаромир Левичек смета дека во областите на бизнисот и креативните и иновативни дејности се соочуваат со многу предизвици и проблеми. Затоа, рече тој, учеството на жените во овие сфери е се уште далеку од нивниот потенцијал.

– Жени претприемачи се само 34 проценти од самовработените, односно 30 проценти од претприемачите на старт ап компаниите во Европската унија, рече тој.

За надминување на ваквите состојби, сметаат учесниците на одбележувањето, потребно е поголема мотивација и охрабрување на жените, но и создавање поволни услови преку заштита на интелектуалната сопственост, трговските марки и брендовите.

– Жените треба понапорно да работат за да можат да привлечат внимание за иновативните идеи што ги имаат, но и да се здобијат со почит во оние сфери кои се уште важат за доминантно машки, рече заменик-амбасадорката на САД во Македонија Микаела-Швајзер Блум.

Затоа, смета таа, е потребно тие да бидат охрабрувани, мотивирани, а државата преку создавање поволни услови да ги заштити во нивната работа.

– Од клучна важност е владите во сите земји вклучително и во Македонија да ја зголемат заштитата на интелектуалната сопственост преку развивање на капацитетите на телата што се бават со ова прашање, рече таа.

На одбележувањето. меѓудругите, говореше и ко-сопственичката управител на Касефичио Цезарина Фејзи, Гзиме Фејзи која ги сподели искуствата од отворањето бизнис во Македонија и неговиот развој. На тој пат, рече, се соочив со многу проблеми и предизвици, но и со недоверба пред се заради фактот што сум жена.

Но, сепак, потенцира Фејзи, доколку имате иновативна идеја и сте упорни и истрајни, а пречките ги гледате само како мотивација за да одите напред успехот е неизбежен. Компанијата Фејзи е единствената во Македонија што произведува моцарела.


Извор: МИА

Tags: Американска амбасадаЕвропска УнијаЈаромир ЛевичекСАДСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ