CivilFest
Categories

ФРАНЦИЈА „Жолтите елеци“ ги принудија француските власти да попуштат

Францускиот премиер Едуар Филип се откажа од зголемувањето на даноците за гориво, по силниот притисок на демонстрантите од „Жолтите елеци“.

Во Париз во последниве децении овие протести беа едни од најжестоките, при што оштетени се неколку важни симболи на градот.

Демонстрантите околу две недели протестираат поради данокот на гориво и зголемените трошоци за живот. Нивни претставници требаше да одржат средба со властите, но таа беше откажана од безбедносни причини.

За време на протестите, три лица настрадаа, а над стотина беа повредени и приведени.

Print Friendly, PDF & Email