• Latest

Зибери: Народниот правобранител се соочува со сериозни проблеми иако има фундаментална улога во заштитата на човековите права и слободи

April 23, 2025

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зибери: Народниот правобранител се соочува со сериозни проблеми иако има фундаментална улога во заштитата на човековите права и слободи

April 23, 2025 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Институцијата Народен правобранител во нашата земја се соочува со сериозни проблеми во неговото функционирање, иако има фундаментална улога во насока на промоција, афирмација и заштита на човековите права и слободи, истакна денеска на конференцијата „Поврзување на политиката и праксата: Зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“ која се одржа во Собранието во организација на  Институтот за европска политика – Скопје.

-Недостигот на целосна финансиска, организациска и функционална независност, отсуство на средства за реализација на проекти и промоција и заштита на правата на граѓаните кои се надлежност на Омбудсманот, недостиг на кадровскиот потенцијал претставуваат сериозен проблем кои влијаат директно во квалитетот, ефикасноста на нашата работа. Институцијата Народен правобранител има фундаментална улога во насока на промоција, афирмација и заштита на човековите права и слободи. Од друга страна, оваа улога не товари со поголема одговорност со цел на сите граѓани врз сите основи согласно Уставот и законите да им се помогне во реализацијата на нивните права. Верувам дека како институција сме на добар пат во постигнувањето на оваа цел., нешто што го докажуваат многу извештаи, но и последниот извештај на Транспаренси Македонија која минатата година институцијата Народен правобранител ја рангира на трето место според проценката за интегритет, иако лично мислам дека има простор за да повеќе работа и ефикасност. Државата како регулатор е тука. Пред се Собранието како претставнички и законодавен орган преку системот да обезбеди и пристап до правата за секоја личност, рече Омбудсманот потенцирајќи дека релацијата Собрание-Народен правобранител треба да се зајакне уште повеќе.

Зибери истакна дека одложувањето на донесувањето на измените на Законот за Омбудсманот директно ги лишила од можноста на примената и акредитација во меѓународно тело во Обединетите Нации за преземање на статус А, кое како што рече, значи целосно независна национална институција за заштитата на правата и слободите на граѓаните.

-Нешто што речиси сите институции од регионот иако формирани формирани многу подоцна од нас, го постигнале овој статус. Неизборот на заменици на Народен правобранител кои актуелно се седум, директно влијае во организирање на работата на нашата институција. Нивниот неизбор влијае и во падот на квалитетот на актите и одлуките кои ги разгледува Омбудсманот. Ја користам можноста да се обратам до претседателот на Собранието и пратениците да се заложат да се финализираат измените на Законот за Народниот правобранител, рече Зибери.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши уверува дека остануваат посветени на зголемување на капацитетите, градење одржливи партнерства и делување како мост меѓу граѓаните и Владата, со што, како што рече, се обезбедува транспарентност и отчетност. Убеден е дека само со инклузивен пристап, стратегии и вистински реформи, може да се гарантира подостоинствен живот за секој граѓанин каде што сите ќе ги почитуваат правата на секој граѓанин.

-Собранието е првиот дом на секој граѓанин. Дома луѓето сакаат да се чувствуваат заштитени, а наша одговорност е да ги заштитиме нивните права и глас. Од суштинско значење е да се погрижиме нивниот глас да биде слушнат и секоја политика, секој закон и секоја одлука да биде во согласност со нивните права. Нашата стратешка ориентација кон Европската унија, како и нашите предизвици во овој критичен момент од процесот на интеграција се јасна покана и можност за размислување, дејствување и напредок во зајакнувањето на надзорната улога на законодавниот дом во гарантирањето на човековите права. И не само заради интегративниот процес, туку пред се за да се врати достоинството на Собранието и на довербата на граѓаните во оваа институција. И за да бидеме успешни на овој пат, потребно е повеќе од политичка волја. Потребни се посилни, попрофесионална, поефикасни институции, соработка со граѓанското општество, активно вклучување на меѓународните тела за човекови права и колективна искреност и свест, рече Гаши.

Бен Нупнау, заменик шеф во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија нагласи дека човековите права не се случајно во кластерот кој прв ќе биде отворен и последниот кој ќе биде затворен.

-Човековите права со граѓанска, политичка, економска демократија се обезбедуваат човековото достоинство да биде на прво место. Легистлативата треба да се почитува на подемократски начин. Во последните години вклучувањето на ромската заедница и слични се на подобро ниво, но останува уште да се направи. А последната година и во периодичниот извештај земјата имаше 205 препораки, а 193 беа поддржани со тоа во следните четири години се обврзаа да ги почитуваат и да ги исполнат. Човековите права, условите во затворите, канцеларијата на Народниот правобранител и две години по прегледот треба да се донесат првите резултати. Ќе се мониторира процесот и ќе се известува и ќе се следи со цел да се види дали има подобрување во состојбата. Отчетноста, инклузивниот дијалог се клучни за прогрес и европската делегација е тука за да се подобри и да се даде поддршка во помагањето во овој процес, рече тој.

Нупнау потенцира дека невладините организации треба постојано да бидат чувари во однос на следењето на однесувањето и работењето на институциите.

-Кога нема средства, капацитет и политичка волја да се смени статус квото, сепак е важно да се продолжи со работа. Доколку гледате наназад, ќе видете дека има прогрес, а тоа беше благодарение на вас и на вашата неуморна работа. Европската унија останува поддржувач на човековите права и на земјата да се подобрат механизмите и законодавството на патот кон ЕУ, рече Нупнау.

Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието истакна дека ефективниот систем за заштита на човековите права не може да постои без парламентарен надзор кој е активен, информиран и одговорен. Димовска потенцира дека надзорот не значи само следење на Владата, туку, како што рече, значи барање отчет за секој потег кој ги засега граѓаните, инсистирање на транспарентност поттикнување на политики што ги почитуваат човековите права.

-Парламентот како претставнички дом на граѓаните има суштинска улога во обезбедувањето на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на извршната власт. Надзорот кој го врши Собранието не е само уставна обврска. Тоа е клучен инструмент за заштита и промоција на човековите права и слободи. Собранието има одговорност не само да ги усогласи законите со меѓународните и регионалните норми за човекови права, туку и да ратификува меѓународни договори и да ја следи нивната примена преку соработка со останатите институции, парламентите можат да бидат движечка сила за вистинска промена. Парламентарниот надзор во овој контекст не е само алатка, тоа е и обврска да се следи, поттикнува доследната имплементација на меѓународните стандарди за човековите права, рече Димовска, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ