ЦИВИЛ доделува пет награди за граѓанско новинарство, в среда, на 31 мај, во хотел „Сити Парк“, со почеток во 12 часот.
На церемонијата ќе се презентираат најуспешните прилози на граѓанските новинарки и новинари кои беа испратени во изминатите два месеца.
Овој проект ги следи најактуелните настани и процеси во земјата и наградува најуспешни прилози на граѓанските новинарки и новинари.
Кршењето на работничките права, неисполнети ветувања, злоупотреби и еколошки теми беа дел од она за што известуваа граѓанските новинарки и новинари во изминатиот период.
ЦИВИЛ ги охрабрува граѓанките и граѓаните да бидат активни чинители во општествените промени и во надминувањето на медиумскиот мрак, за заеднички да придонесеме кон подобрување на ситуацијата и кон општествените промени.
Проектот е посветен на промовирање одговорни и транспарентни политички процеси во Република Македонија, преку обуки за граѓанско новинарство, медиумска продукција и јакнење на јавната свест.
Веќе втора година, проектот го финансира National Endowment for Democracy.
Граѓанските новинарки и новинари можат да испраќаат прилози до ЦИВИЛ на онлајн формуларот на веб- страницата Граѓански објектив.