• Latest

ЦИВИЛите со пораки и стихови за човековите права

September 5, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛите со пораки и стихови за човековите права

September 5, 2017 16:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот литературен фестивал Берлин ги повика сите поединци, институции, училишта и медиуми кои се залагаат за човековите права, да учествуваат во светското читање на Универзалната декларација за човекови права, за да го поддржат и зајакнат концептот на човековите права во светот, на 6 септември 2017 година.

ЦИВИЛ -Центар за слобода, организација чија визија и мисија е активно промовирање и одбрана на човековите права и слободи, организира отворен настан под мотото „ЦИВИЛите со пораки и стихови за човековите права“ за одбележување на овој ден со читање на Универзалната декларација за човекови права и поезија. Настанот ќе се одржи во среда, на 6 септември, на платото пред седиштето на организацијата, на ул. Максим Горки бр. 31, со почеток во 16:30 часот. ЦИВИЛ ги поканува сите граѓан(к)и, активист(к)и и медиуми да се приклучат на настанот и да подигнат копија од Универзалната декларација за човекови права. ЦИВИЛ ќе започне и дискусија на интернет, а настанот ќе го пренесува во живо на својата Фејсбук страница.

Меѓународниот фестивал на литературата Берлин ги повика сите културни и политички институции, училишта, универзитети, медиуми и поединци низ целиот свет да се приклучат кон читањето на Декларацијата, а потоа да дискутираат за 30-те членови кои ја сочинуваат.

Овој настан има за цел да го потсети секој поединец и секоја институција, односно целото општество, за потребата сите заеднички да се стремиме кон промовирање на човековите права и слободи.

По повод неодамнешната смрт на писателот, активист за човекови права и лауреат на Нобеловата награда за мир, Лиу Ксијаобо, меѓународниот литературен фестивал Берлин повикува и на читање на Повелбата 08, манифест на 360 интелектуалци од Кина, објавена во 2008 година, на 10 декември, по повод шеесетгодишнината од Универзалната декларација на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ ќе се придружи кон оваа светска акција на почитување и промовирање на универзалните човекови права и слободи потсетувајќи уште еднаш на децениската борба против еден режим посветен на софистицирана узурпација на граѓанскиот простор и слободата на изразување на секој поединец во Македонија.

Со промените на општествената и политичка сцена во земјата, ЦИВИЛ утре ќе потсети дека борбата за општествено, политичко и индивидуално ослободување се уште не е завршена.

Tags: Меѓународен литературен фестивалнастанслободаУниверзална декларација за човекови праваЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ