• Latest
Фото: Saso Mijalkov sud3 - by tomislav georgiev

Злото што упорно се повторува

November 17, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Злото што упорно се повторува

November 17, 2018 14:05
in СЛОБОДНА ЗОНА
Фото: Saso Mijalkov sud3 - by tomislav georgiev

Фото: Saso Mijalkov sud3 - by tomislav georgiev

Share on FacebookShare on Twitter
Досега ме етикетираат како безрезервен подржувач на власта. Но, не е така.  Бев и останувам борец за правда, вљубен во нашата Македонија!
Ване Цветанов
Еве да поставам едно отворено прашање до врвот на власта: Зошто Сашо Мијалков се фалел дека ќе стане уште посилен фактор после декември? Дека пак, тој ќе одлучувал кој ќе се апси?
Ако Сашо е влогот и гарантот за тие 8 гласа во Собранието, еве моја информација по стотти пат бесплатна, до власта…
Мениците од пратениците наВМРО – ДПМНЕ се кај Сашо, а не кај Грујо.
Јас имам збор од 18 пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, дека од срце и љубов кон Македонија ќе гласаат за Уставни промени, ако го видат Мијалков во притвор! Потребна е само храброст и одлучност!
Ценам дека не гниевме џабе по притвори, не преживеавме трауми и гладувања, и не ризикувавме животи за идеалот, Сашо Мијалков да стане кобајаги главен фактор за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Мијалков и Хари Костов сè уште управуваат со Македонија. УБК, МВР, но и целата македонска економија, сосе нашите животи и хипотеки во банките и кај извршителите, кои сè уште се под нивна контрола.
Тоа е суровата реалност. Сашо и Хари, заедно со Б.Ц и Љубчо,  уште одлучуваат за сè во оваа држава. Останатото е фарса.
Со овие господари на нашето минато и креатори на нашата сегашност заедно со иднината, не е возможно ниту правда, ниту мир!
За време на емитувањето на бомбите, тогашниот лидер на опозицијата а сегашен премиер, ги завршуваше пресовите со една реченица која до денес ѕвони во моите уши:
 “Ова зло да не се повтори!”
Злото се повторува секој ден!
Сашо и Хари до ден денес сеуште креираат судбини и се главни јавачи на апокалипсата во Македонија. До кога?
Ова не е само истакнување на проблем. Има и решение за истиот, ако се има волја и ако има  кој да сослуша… И секако ако преживееме до тогаш.
Во оваа држава има поголема грижа за кучињата скитници отколку за жртвите на режимот. Гиневме и ќе гинеме за демократска Македонија, иако нашиот број се намалува заради иселувања и висок степен на смртност.
Но, додека дишеме, подготвени сме да даваме придонес за оваа држава. Доколку некој ни дозволи секако… Бидејќи од сегашното раководство на УБК, (блиско до Мијалков и Хари) сме третирани како отпадници. И покрај сè што поминавме и поминуваме ние остануваме на страната на правдата и правичноста!
Макединија ни е пред и над сè!
#НемаПравдаНемаМир!
За да дојдам до оваа констатација истражував неколку дена. Преку моето истражување дојдов до следните сомненија. Сегашниот директор на УБК, познат под прекарот Џони, со име и презиме Горан Николовски, наводно сеуште рапортирал пред Сашо Мијалков. Според мои информации, екипата која што ги опструира сите реформи во правосудството и ја блокира Одлуката на Влада, за помагање од страна на институциите од извршната власт, за доставување на информации за предмети – кон граѓаните кои се чувствуваат жртви на режимот, со цел расчистување на политички монтираните случаи е:
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
Лидија Неделкова, поранешен претседател на Врховен суд
Антонио Апостолски, адвокат
Горан Николовски, сегашниот директор на УБК
Сите се претставуваат блиски на Амбасадата на САД, а Горан Николовски, наводно дал наредби и преку лични уцени и закани, забранил да се преотвараат и преиспитуваат случаите Шпион и Монструм.
Затоа јавно прашувам:
Дали е точно информацијата за дружбите на оваа екипа?
Дали Амбасадата на САД знае за овие закани од човекот што се претставува нивни пулен, или тоа Николовски  го прави на своја рака?
Дали директорот Николовски сеуште реферира пред Мијалков?
Дали заради личните хирови на Николовски, се убива процесот на зажививање на правдата?
Дали и колку бил вмешан Николовски во политичките монтировки од Сашо и Грујо?
Дали Николовски е организатор или одговорен за бегството на Груевски?
Дали Николовски ја игра играта, од Мијалков да направи неминовен партнер кој е неопходен за 8 гласа за промена на Уставот, иако целата операција е можна и полесна доколу Мијалков влезе во притвор?
Дали Николовски работи против интересите на МВР, Владата, и премиерот Заев?
Дали Николовски е човекот кој што е тројанскиот коњ што работи против сите наши заложби за правда и владеење на правото?
Дали Николовски е човекот кој што прави будали од сите нас кои гниевме по притвори и демонстриравме по улиците?
Очекувам одговори на сите овие јавни прашања.
И уште еднаш!
#НемаПравдаНемаМир!

 

 

 


Ставовите изнесени во рубриката МИСЛА се ставови на авторките и авторите и не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и на ЦИВИЛ.

Share478TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ