Заедно против национализмот е пораката што илустративно ја упатува графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула, како дел од заедничките заложби за промоција и за подобрување на јавната перцепција, знаењето и начините за акција кои ќе го поддржат концептот на општество што ги почитува и негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ покренаа иницијатива за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“.