• Latest

Зорчиќ: Билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон интегрирање на Северна Македонија во ЕУ

June 28, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зорчиќ: Билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон интегрирање на Северна Македонија во ЕУ

June 28, 2021 15:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одредени билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон целосно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, рече денеска претседателот на Националното собрание на Словенија, Игор Зорчиќ на средбата со неговиот македонски колега Талат Џафери во Брисел.

Зорчиќ истакна дека Словенија го поддржува членството на земјава во ЕУ, при тоа осврнувајќи се на компромисното решение на неговата држава за не попречување и не блокирање на евроинтегративниот пат на Хрватска, односно на решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската унија.

На средбата која се одржа на маргините на Самитот на претседатели на парламенти „Европски парламент – Западен Балкан“, Џафери искажа благодарност за континуираната поддршка што земјава ја добива од Словенија во евроинтегративниот процес. Притоа подвлече дека Европската унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан.

Џафери ја истакна одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и КОВИД – 19 пандемијата.

– Со Република Словенија немаме отворени прашања, соработката на сите нивоа е задоволителна, но постои простор за унапредување на соработката особено во сферата на економијата, културата и туризмот. Пандемијата со КОВИД – 19 несомнено ја обремени и забави директната билатерална комуникација, но целосната имунизација полека, но сигурно придонесува за враќање на процесите во нормална динамика, рече Џафери.

Соговорниците се согласија дека ваков формат на комуникација на ниво на претседатели на парламенти е особено полезен особено доколку ваквите самити се одржуваат во европските институции, затоа што, оценија, претставуваат дополнителен индикатор дека ЕУ јасно покажува интерес кон земјите од Западен Балкан, како и дека прашањето на проширувањето е високо на агендата на ЕУ.

Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ