• Latest
Фото: Фронтлајн

Зошто е штетен кредитот од Унгарија за државата ?

September 17, 2024
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Зошто е штетен кредитот од Унгарија за државата ?

September 17, 2024 21:11
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Со новото задолжување од Унгарија државниот долгот ќе го пробие плафонот од 60%, далеку над дозволениот процент, алармира македонската опозиција. Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра.

– Се зема кредит од Влада а не од финансиска институција. Овој закон ние го слушавме уште кога ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, што е спорно само по себе. Самиот Закон има повеќе недоречености и неодговорени прашања. Нема јасно дефинирана намена, нема да може да се следи трошењето на парите. Се криеше и потеклото на парите. Пред извесно време Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Зошто е штетен Законот за кредит од Унгарија?

Предлог Законот изобилува со многу недоречености и непознаници, што го прави скандалозен и коруптивен.

Законот се носи по скратена постапка, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари. Нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, не се јасно прецизирани трошоците односно има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени.

– Кога нема јасни одредби во законот, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени, за СДСМ недозволиво и крајно неодговорно да се носи овој закон во скратена постапка. Со носење на овој Закон по скратена постапка целта на Владата е јавноста и граѓаните да бидат лишени од можноста детално да слушнат што се крие зад ова задолжување, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Следен аргумент, според опозициската СДСМ, што го прави коруптивен, е тоа што нема дебата и не е вклучена експертската јавност во процесот на носење на Законот.

Исто така, според опозицијата ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, вонинституционално и во четири очи.

До кога ќе го отплаќаме кредитот?

Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Премиерот Христијан Мицкоски запрашан „зошто има потреба од трошоци за правни услуги кога за задолжувањето има закон кој треба да помине во Собрание“, тој вели дека „сумата од 70.000 евра за консултантски услуги е помала од она што досега се плаќало за други заеми“.

– Трошоците изнесуваат 70.000 евра и тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку што сме го плаќале до сега како држава за некои претходни заеми, вели Премиерот.

Но, каде ќе завршат овие пари за провизија?!

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулира според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг.

Од каде се парите на Унгарскиот кредит?

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.

Во јули „Политико“ објави дека Унгарија позајмила 1 милијарда евра – најголемиот заем што некогаш го земала Будимпешта – од три кинески банки оваа пролет, открија податоците од веб-страницата на владината агенција за долгови, пишува „Политико“.

Заемот, обезбеден од Кинеската банка за развој, Експорт-импорт банка на Кина и унгарската филијала на Банката на Кина, беше целосно подигнат на 19 април и мора да биде отплатен во рок од три години.

Будимпешта не го објави договорот. Прво беше објавено од унгарското деловно издание Portfolio, а потоа потврдено од владината агенција, пишува Политико.

Собранието на Северна Македонија, денеска почна расправа по Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Извор: Фронтлајн / Дестан Јонузи

Tags: кредит од УнгаријаПредлог закон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ