ЗОРАН ИВАНОВ
Ако воопшто есапите граѓанско мислење баталете тоа телевизиите, изјавите, интервјуата, соопштенијата партиски, баталете теренот популистички и баталете тоа поддршките за смислените наменски хирови, за местенките на партнерите коалициски, посебно баталете го тоа “ќе” од вашиот речник, претеравте со “ќе”, и досега од сите по ред се изнаслушавме “ќе”, а тоа “ќе” никако да се случи, а за да се случи, тргнете се од екраните зашто оттаму не се креираат и не се реализираат ЕУ реформи и, конечно, фатетесе за тоа што го ветивте ако воопшто сте мислеле бар нешто од тоа да оживеете и, секако, ако воопшто и вас ве бива ама, кажано и во оваа една реченица, како сте тргнале …