Зошто Мијалков не е во притвор?
Притворот е специфична алатка на правосудниот систем која не служи за казнување туку за обезбедување на казнивоста.
Притворот е посебно важен во случаи кои се водат против луѓе кои припаѓаат на групата “неказниви“. Неказнивоста е поврзана со моќта (материјална, моќ на информации и моќ на мрежи од соработници во државата и надвор од неа).
Кога станува збор за човек кој бил на така моќна позиција како што е директор на УБК (кој од оваа позиција црпел информации, воспоставувал врски и градел економска империја), за кој се водат низа судски случаи во кои е обвинет за злоупотреба на позицијата која што ја имал, мора да се одреди мерката притвор.
Прво, заради тоа што има и средства и можности со леснотија да побегне од државата во било кој момент од водењето на постапката.
Второ, затоа што може да влијае не само на сведоци туку и на правосудни органи и органи на прогон со искористување на информациите кои со години ги прибирал за конкретни луѓе.
Изјавата дека редовно се јавува на судења не може да се разбере на поинаков начин освен како измотавање на некој што сака да го заштити обвинетиот и да му овозможи евентуално избегнување на казната во иднина.
Значи, според словото на законот и според логиката на правото Мијалков мора да биде ставен во притвор.
Неказнивоста на високите функционери во власта е карактеристична за општества кои долго време биле диктаторски и кои во процесот на ослободување од диктаторскиот режим не извршиле деконструкција на институциите и нивно прочистување од поддржувачите на претходниот режим, а кои и понатаму делуваат во корист на диктатурата или создаваат услови за опстојување на менталитетот на диктатурата.
Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.