Деновиве се очекува уште едно внатрепартиско цунами кое ќе го погоди Груевски. Има најави за уште еден сериозен потрес, кој уште повеќе ќе ја разниша и онака катастрофално лошата позиција на партиската врхушка.
Секојдневно расте бројот на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои им се приклучуваат на Реформаторите. Тие својата поддршка ја искажуваат преку јавно искажан збор, со сè побројно присуство и активно учество на трибините кои се одржуваат ширум земјата, но и со писма на поддршка до Реформаторите.
Наспроти жестоките притисоци, но и обиди да ги поткупи незадоволниците во партијата кои ги спроведуваат Груевски и неговите поддржувачи, Реформаторите продолжуваат со, како што велат, враќање на партијата на нејзините членови.