Уметничката работилница „Враќање на слободата“ го привлече вниманието и на Љуљета Адеми, активистка и борец за човекови права, која ја подржа кампањата „Проговори!“ и Граѓанската повлеба.
„Граѓанинот е тој што може да ги направи сите промени во општеството. Почнувајќи од себеси, може да направиме многу нешта. Секако, ако тоа се замолчи, или не се земе како релевантен фактор, како што се случува многу пати во општеството, нема да се види силата и подвигот на самиот граѓанин. Затоа, никогаш не смеат граѓаните да молчат, без разлика каков систем да ни дојде, бидејќи совршен систем нема… Затоа, слободата на говор е на прво место… и нема молчење“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Љуљета Адеми која ја посети уметничката работилница #ReClaimingFreedom.
„Враќање на слободата“ е мултимедијален настан на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од светската кампања „Проговори!“ (SPEAK!), а самата кампања е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, како дел од Civic Space Initiative.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов