Државната изборна комисија на денешната седница донесе решение за поворување на гласањето во избирачкото место 2901, ОУ „Иднина“ во општина Чаир.
Врз основа на одлуката на Управниот суд, кој ја поништи претходната одлука на ДИК, на 12 ноември во Чаир ќе има прегласување во оваа гласачко место за градоначалник, на 12 ноември.
Инаку на избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, запишани се 719 гласачи што е повеќе од доволно да се сменат крајните резултати за градоначалник на оваа општина.
Засега останува неизвесно како чаирчани ќе гласаат и кој ќе ја понесе титулата градоначалник на Чаир.
Б.Ј.