Во скопската општина Чаир ќе има прегласување – пресуди денеска Управниот суд на Скопје. Со ова прегласување останува неизвесна победата на ДУИ во општината.
Во вториот круг на локалните избори, во општина Чаир гласале 28.597 граѓанки и граѓани односно 49.50% излезност.
Како што можеме да видиме од сликата подолу општината ја доби ДУИ со својот кандидат Висар Ганиу, за 209 гласа.
Избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, запишани се 719 гласачи што е повеќе од доволно да се сменат крајните резултати за градоначалник на оваа општина.
Според Изборниот законик, целата постапка се повторува од почеток во гласачко место кое е поништено и прегласувањето се врши 14 дена од денот на гласањето, односно на 12 ноември.
Доколку од било кои причини, повторно не се изврши избор за градоначалник, ДИК има 15 ден да ја извести Влада, кој во рок од 15 дена треба да назначи повереник за вршење должности на градоначалник, а 15 од назначување на повереникот, Владата е должна да го извести Собранието за распишување избори за градоначалник.
Ермин Климента