• Latest

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

Кога полицијата крвнички тепа, синдикатот оправдува, институциите бавно реагираат, политичарите селективно бараат оставки, а граѓанските активист(к) и општество молчат, тогаш прашањето не е само кој удирал, туку и кој дозволил системот да потфрли.

October 12, 2026 09:26
in СТАВОВИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако во јавноста се појавија сведоштвата на претепаните момчиња од Сарај, а потоа и снимките на кои се гледа како врз нив се истураат тупаници и клоци, МВР дури по неколку дена најави суспензија на шест полициски службеници. Дали институциите ќе реагираа и без видеоснимките? Зошто случајот не беше објавен во полицискиот билтен, ако, како што тврди полицискиот синдикат, станувало збор за сериозна полициска акција? И дали повторно се враќа времето кога граѓаните се плашеа од оние што треба да ги штитат?

Случајот од Сарај отвори прашања на кои институциите мора да дадат одговори. Не со партиски соопштенија, не со оправдувања и не со префрлање вина, туку со докази, истрага и одговорност.

По инцидентот од 7 октомври, во јавноста се појавија различни верзии за тоа што се случувало. Независниот синдикат на полицијата излезе со тврдења дека момчињата се обиделе да ги прегазат полициските службеници, дека одзеле службен пиштол, а потоа предизвикале сообраќајни несреќи при бегство. Синдикатот наведе и дека била пронајдена дрога. Тоа се сериозни тврдења, но нивната вистинитост треба да ја утврдат надлежните институции врз основа на докази.

Ако момчињата биле осомничени за дрога, напад врз полицајци или други кривични дела, нека се докаже тоа пред надлежните институции. Но, сомневањето за криминал не е дозвола за тепање, а полициската униформа не е дозвола за одмазда.

Каде беше полицискиот билтен?

Едно од најсериозните прашања е зошто случајот не бил објавен во полицискиот билтен, ако, како што тврди Независниот синдикат на полицијата, станувало збор за сериозна полициска акција поврзана со сомневања за дрога и напад врз полициски службеници.

Како е можно за наводно толку сериозна акција јавноста да дознае преку повредените момчиња, нивните изјави во медиумите и видеоснимката на која се гледаат лица (полицајци) како физички напаѓаат други лица со тупаници и клоци, наместо преку навремено и транспарентно известување од МВР? Снимката е во согласност со тврдењата на момчињата дека биле тепани откако биле извадени од возилото и врзани со лисици.

Суспензија за шестте полициски „фудбалери“

МВР, пак, соопшти дека по разгледување на снимките и изјавите на сведоци биле утврдени неправилности во постапувањето на полициските службеници. Против шестмина полицајци е најавена дисциплинска постапка и суспензија.

Тука се поставува суштинското прашање, дури и ако момчињата биле осомничени за сериозни кривични дела, дали тоа некому му дава право да ги тепа откако ќе бидат совладани?

Не. Осомничениот не е осуденик. А и осуденикот не е човек без права.

Ако постоеле обид за прегазување полицајци, одземање службено оружје или поседување дрога, за тоа постојат законски процедури, кривични пријави, обвинителство и суд. Полициската сила може да се употреби само во законски утврдени услови и во неопходна и сразмерна мера. Таа не смее да стане казна изречена на лице место, по сопствен кејф на (не)униформираните полицајци.

Кога синдикатот станува портпарол на одбраната?

Полицискиот синдикат има право да ги брани работничките права на полицајците. Има право да реагира кога тие се изложени на опасност, кога се нападнати и кога се соочуваат со неосновани обвинувања. Но, дали неговата улога е да излегува со верзија што однапред ги става сомневањата врз грбот на повредените момчиња, додека постои снимка што отвора сериозни прашања за постапувањето на полицијата?

Ако синдикатот располага со информации за напад врз полицајци, тие треба да бидат доставени до истражните органи. Но, ако истовремено се обидува да го објасни потеклото на повредите на истепаните момчиња, дека тие повреди ги здобиле од сообраќајна несреќа, тогаш јавноста има право да праша, како се утврдени тие повреди, кога настанале и што точно покажуваат доказите?

Кога полициското насилството добива етничка боја

Случајот брзо доби и етничка и политичка димензија. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии, имиња и презимиња на полициски службеници, а нивната етничка припадност се користи како аргумент дека и Албанци-полицајци се меѓу тепачите кои ги тепале младите Албанци. Се шират и тврдења дека тие наводно избегале од државата поради безбедносни причини, кои бараат независна проверка.

Но, одговорноста за полициско насилство не се утврдува според етничката припадност. Не постои етнички имунитет за насилство, исто како што не постои колективна вина за припадниците на една заедница.

Ако полицаец Албанец тепал граѓанин Албанец, тоа не го прави насилството помалку сериозно. Ако полицаец Македонец тепал граѓанин Албанец, тоа само по себе не е доказ дека мотивот бил етнички. Во двата случаи, потребни се докази за конкретното постапување, за евентуалниот мотив и за одговорноста на секој инволвиран.

И тука политичките партии мора да бидат внимателни. ДУИ има право да бара истрага и одговорност, но не смее од трагичен настан да прави колективно обвинување. ВЛЕН, од друга страна, не може да се задоволи со повик да не се политизира случајот, ако навистина постојат докази за прекумерна употреба на сила. Ниту едната ниту другата страна не треба да ја користи етничката припадност како штит или како оружје.

Зошто се бара оставка од заменик-министерот, а не и од Тошковски?

ДУИ побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, од редовите на ВЛЕН. Но, тука се отвора уште едно прашање, зошто политичката одговорност се насочува кон заменик-министерот, а не и кон министерот Панче Тошковски, кој раководи со Министерството за внатрешни работи?

Ако веќе се отвора прашањето за оставки, тогаш јавноста има право да праша според кои критериуми се бара одговорност и од кого. Дали се бара одговорност поради конкретни надлежности, поради политичка припадност или затоа што некој е погодна цел во партиската пресметка?

Министерот не е автоматски крив за секој незаконски потег на секој полициски службеник. Но, министерската одговорност не се исцрпува ниту со тоа што ќе се каже дека случајот го истражува внатрешната контрола. Раководството на МВР мора да обезбеди транспарентна истрага, заштита на доказите, непристрасност и јасни одговори за тоа како е организирана интервенцијата и дали имало пропусти во контролата и надзорот.

Затоа, прашањето до ДУИ е легитимно – ако барате политичка одговорност, зошто не го поставувате и прашањето за одговорноста на министерот Тошковски? А прашањето до Тошковски е уште поедноставно – што конкретно ќе направи за јавноста да добие целосна слика за настанот, а не само неколку соопштенија и најави за дисциплински постапки?

Не е доволно шестмина полицајци да бидат суспендирани

На 11 октомври, МВР соопшти дека по проверките биле утврдени неправилности и дека против шест полициски службеници ќе бидат поведени дисциплински постапки и ќе бидат изречени мерки за суспензија. Тоа е важен чекор, но не е конечен одговор на случајот. Потребно е да се утврди и евентуалната кривична одговорност, а обвинителството да ги испита сите релевантни докази.

Суспензијата не е пресуда. Но, ниту дисциплинската постапка смее да биде начин случајот да се затвори тивко, кога јавноста веќе видела снимка што отвора сериозни прашања.

Граѓанинот не смее да се плаши од униформата

Државата има право да се бори против дрогата, организираниот криминал и секој што ги загрозува полицајците и другите граѓани. Но, државата има и обврска да го заштити секој човек од незаконска употреба на сила.

Ако момчињата од Сарај сториле кривични дела, нека одговараат пред суд. Ако полицајците незаконски ги тепале, и тие мора да одговараат пред законот. Ако имало пропусти во раководењето, контролата или надзорот, и тие мора да бидат утврдени. Ниту едно од овие прашања не смее да биде затворено поради етнички или партиски интерес.

На крајот, не станува збор само за две момчиња, за шест полицајци или за еден заменик-министер. Станува збор за границата меѓу законското спроведување на редот и самоволието.

Затоа, прашањето дали полициските „Алфи“ повторно се вратија на улиците не треба да биде само провокација или носталгија по некои стари полициски методи. Тоа треба да биде предупредување дека граѓаните не смеат да се навикнат на насилството, ниту да прифатат дека тупаниците се нормален дел од полициската работа.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ