Categories

КОНФЕРЕНЦИЈА Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа

Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа” („European Values for the Future of the SEE Region“) ќе се одржи  од 15 до 19 септември во Крушево.Младинскиот сојуз од Крушево во хотелот „Монтана“ ќе биде домаќин на шеесет активни млади лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Косово, Црна Гора, Италија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Младите лидери на конференцијата ќе дискутираат за можностите за поддршка на процесот на евроатланска интеграција на Југоисточна Европа. Во пет сесии на темите: Иднината на регионот, Младите и носењето на одлуки, Човекови права – инклузивност и диверзитет, Образование во акција и Одржливи идеи, младите ќе имаат можност да слушнат обраќања на еминентни експерти од Европа и да учествуваат во интерактивни работилници.

Од  конференцијата треба да произлезат препораки и акции за промоција на европските вредности кои преку младите учесници ќе бидат пренесени во регионот.

 

Print Friendly, PDF & Email