Граѓанскиот активист Роберт Марков од иницијативата „Спас за Валандово“ во изјавата за ЦИВИЛ Медиа тврди дека изостанувањето на очекуваната поддршка од пошироката јавност во Општина Валандово е последица на недоволната информаираност на граѓан(к)ите.
Тој прави паралела со информираноста на македонската јавност околу референдумот за скопскиот Градски трговски центар и (не)информираноста на јавноста во Валандово, и покрај поддршката на активистите од државата. Марков е дециден дека референдумот против „рудниците на смртта“ на 20 август во Валандово бил сè, само не – демократско изјаснување на граѓаните и празник на демократијата. Тој ги потенцира прекршувањата на молкот, притисоците од локалната власт и влијанието на инвеститорот – компанијата „Сардич“ и на украинската амбасада, чии набљудувачи беа пристуни на сите избирачки места.
Текст и камера; Дехран Муратов
[divide]
ЦИВИЛ ги објавува информациите од теренот на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, во рамките на проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија