• Latest

МТСП: Тенденциозно се шири страв од бегалците!

July 21, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

МТСП: Тенденциозно се шири страв од бегалците!

July 21, 2017 13:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика со соопштение ги демантираше шпекулациите во дел од медиумите и на социјалните мрежи, според кои МТСП ја промовира идејата за зголемување на капацитетите за прифат на поголем број на мигранти во Македонија

Во ссопштението се вели дека „водејќи се од принципот на транспарентност во своето работење, Министерството за труд и социјална политика, вчера ја постави на својата веб-страница новата Нацрт-Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, со цел да се добијат сугестии од заинтересираните организации и граѓани. Овој консултативен процес ќе се заокружи со работна конференција, на која ќе се дискутира за позитивните предлози во насока на унапредување на документот“.

Во текот на 2015, МТСП донесе работна верзија на новата Стратегија за интеграција на бегалци и странци, но подоцнежните случувања околу бранот на бегалци и мигранти биле причина за пролонгирање на периодот на носење на новиот документ.Но, токму таквите настани, како и глобалните политики кон бегалската популација биле причина за дополнување на првичната работна верзија на новата Стратегија.

МТСП го осудува „тенденциозното ширење страв во јавноста од бегалците, од причина што документите како новата Стратегија за интеграција на бегалци и странци, се само еден патоказ без никакви обврзувачки акти кон кое било министерство или институција!“

Инаку, Република Македонија се декларирала како држава за транзит за мигрантите и ги ратификувала и Протоколот од 1963 и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година. Во Македонија, во 2003 година е донесен Законот за азил и привремена заштита со кој се дефинираат правата и обврските на лицата кои побаруваат меѓународна заштита, четири години подоцна се направени измени на Законот за социјална заштита, а со Законот за здравствено осигурување од 2010 се прецизирани правата на лицата со признат статус на бегалец или лица под супсидијарна заштита. Меѓуресорска група од преставници од министерствата за внатрешни работи, за здравство, за локална самоуправа и Црвениот крст, во текот на 2009 изготви Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2009-2015, како стратешки документ со клучни приоритети како пристап до права од социјална заштита, пристап до образование и пристап до пазар на труд, домување и локална интеграција, кои, според МТСП, во периодот 2009-2017 се главно реализирани.

Tags: бегалцидемантзголемување на капацитетите за мигрантиМТСПСтратегија за интеграција на бегалци и странцитенденциозното ширење стравшпекулации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ