Categories

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Меѓународен ден на младите

Со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите Нации, од 2000-тата година, 12 август се одбележува Меѓународниот ден на младите. Целта е вклучување на младите во општетвото како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси.

Меѓународниот ден на младите ширум светот се одбележува со концерти, културни настани, средби на младите со претставници на национални и локални власти и низа други активности.

Овој датум во Македонија ќе се одбележи со дебатата „Млади и активни, те чекаме на дружба“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 18 часот, во органзиација на Агенција за млади и спорт. Говорници ќе бидат директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески. Настанот ќе биде проследен и со културна програма, со рок бендови и диџеи.

Исто така, ќе се доделат и благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоија бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика.
Настанот е во организација и заедничка соработка на Агенција за млади и спорт со Националниот младински совет на Македонија и УНДП.
Б. Ј.
Print Friendly, PDF & Email