Во битолската населба Баир, набљудувачи на „Излези да гласаш“ регистрирале поткуп на гласачи.
Откако еден од набљудувачите се обидел да го сними моментот како на двајца гласачи им се даваат по 1000 денари, бил забележан и нападнат од страна да поткупувачите кои сакале да му го одземат телефонот.
Полицијата интервенирала во истиот момент, по што набљудувачите како и гласачите се однесени во полициска станица за да дадат изјава.
При инцидентот вербално бил нападнат и набљудувачот на ЦИВИЛ, како од прекршителите, така и од набљудувачите на „Излези да гласаш“, во моментот кога се обидел да дознае што се случува и се претставил како набљудувач на ЦИВИЛ.