Специјалното Јавно обвинителство во присуство на екипи од полицијата врши претрес во Кривичниот суд!
Покрај документацијата во канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се проверува и АКМИС системот, односно, проверка за можни злоупотреби на АКМИС системот за предметите на СЈО.
Пред Кривичниот суд дошло и возило на Итна помош.
Владимир Панчевски четири години беше претседател на Кривичниот суд. Тој според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија е најбогатиот судија, а на неговото богатство кое вреди над милион евра, можат да му завидуваат и поимотни бизнисмени. Претседателската функција во Кривичниот суд ја презеде во 2012 година, период за кој, според бомбите што ги објави СДСМ, речиси секој судија, за да биде именуван, бил запишуван во „тефтерот“ на ексминистерката за внатрепни работи, Гордана Јанкулоска.