„Повредени нема, ниту јас, ниту снимателот. Но, слободата на говор и заканите против новинарите не подразбираат само физички повреди. Ниту еден граѓанин нема право да спречи новинар во неговата работа, како што ова момче го направи тоа, вчера, со туркање на мојот мобилен телефон, мене, и камерата кај снимателот“, порача Сашка Цветковска, новинарката на Нова ТВ, која што заедно со нејзиниот колега – снимател беше попречена да работи, да го снима собирањето потписи против наводна изградба на бегалски кампови во Општина Аеродром.
„Драго ми е што првпат, по долго време, полицијата испрати соопштение во кое кажа дека овој инцидент ќе послужи како поука, против сите оние, што ќе посегнат на каков било начин кон новинарите, додека тие ја извршуваат својата работа. Време беше Македонија да види една поинаква пракса“, изјави Цветковска.
Текст: Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов