• Latest

10 април

April 10, 2018
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
Фото: скриншот од видео на The Guardian

Израелските воздушни напади убија 40 лица во Газа, додека блокадата за помош продолжува

May 15, 2025

Каде е Путин?

May 15, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ: Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул

May 15, 2025

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 април

April 10, 2018 08:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1583.- Роден е холандскиот правник, писател и хуманист Хиг де Грот, познат како Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Припаѓал на „школата за природно право“ и ја докажал еднаквоста меѓу луѓето и пред законот. Дела: правни и религиозни – „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christus patiens“…

1585.- Умрел папата со италијанско потекло Гргур Тринаесетти, кој во текот на 13 години како црковен поглавар ги поттикнувал француските римокатолици на злосторства. Тој го поддржувал шпанскиот крал Фелип Втори, приврзаник на инквизицијата, во борбата против Англија. Советуван од астрономите во 1582 година го реформирал  календарот, наречен Грегоријански.

1814.- Британските и шпанските сили во битката кај Тулуз ги поразиле трупите на францускиот цар Наполеон Први, кој утредента абдицирал и бил прогонет на островот Елба, во Средоземното Море.

1847.- Во Мако, Унгарија, е роден Џозеф Пулицер, по потекло Унгарец, значајно име во американското новинарство. Се смета за зачетник на „жолтиот печат“, односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена „Пулицеровата награда“ за новинарство, култура и литература. Учествувал во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна станал сопственик на издавачки куќи и бил избран во Конгресот. Умрел во Јужна Каролина, во САД, на 29 октомври 1911 година.

1867.- Умрел рускиот шахист Александар Дмитријевич Петров, прв руски шаховски мајстор и шаховски теоретичар. Тој бил втемелувач на руската шаховска школа и најсилен шахист во првата половина на 19. век. Иако го сметале за непобедлив, тој никогаш не играл надвор од Русија. Во 1824 година издал учебник за шахот. Една од шаховските варијанти е наречена според него – Петрова одбрана.

1916.- Почнала масовната германска офанзива на Верден, која во историјата на Првата светска војна е позната како „Верденска кланица“, а во која требало да се уништат француските сили. Но, во жестоките борби двете страни загубиле по половина милион луѓе а крвавиот судир завршил без победник.

1919.- Убиен бил Емилијано Запата, водач на Движењето на мексиканските селани за аграрна реформа. Тој со многубројните акции и битки ја создал бурната историја на мексиканската револуција. Роден бил во 1877 година.

1932.- Роден е египетскиот филмски актер Мајкл Шалхуб, познат како Омар Шариф, кој најчесто играл во улоги на романтичен љубовник и херој. Филмови: „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“, „Смешна девојка“.

1948.- Започнала изградбата на хидроцентралите „Маврово“.

1954.- Умрел францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимиер кој со неговиот брат Луј ја направил првата филмска камера и во Лион отворил фабрика за изработка на фотографски материјал. Браќата пронашле постапка за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредиле првата филмска претстава во светот („Влегување на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“).

1963.- Во северниот Атлантик во експлозија на американската нуклеарна подморница „Трешер“ загинаа 129 лица. И по долгата истрага не била соопштена причината за најтешката подморска несреќа во историјата на САД.

1972.- Во земјотрес во јужниот дел на Иран загинале повеќе од 5.000 луѓе.

1972.- Повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД и СССР, ја потпишале Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје.

2001.- Горниот Дом на холандскиот Парламент со мнозинство гласови гласал за законот за евтаназија, не земајќи ги предвид уличните демонстрации на противниците на тој закон, со што Холандија станала прва земја во светот во која било озаконето убиството од милосрдие.

2010.- Во близина на Смоленск се урнал авионот на полскиот претседател Лех Качињски – „Тупољев“ 154. Во несреќата загинал претседателот и 95 патници, меѓу кои и голем број полски владини претставници. Полската делегација требало да присуствува на комеморација на илјадниците полски офицери, воени заробеници, кои пред 70 години биле убиени во Катинската шума од страна на советската тајна полиција.

###

 

Обичаи и верувања

10 април 2018 (МИА)

Сведоштва

Последниот од славната чалгија

Титов Велес, во минатиот и во почетокот на овој век, бил познат по неколку особености: развиеното школство, трговијата, грнчарството и познатата славна чалгија. За неа, за чалгаџиите, за тие петмина свирачи, кои умееле да го извлечат најубавиот тон од инструментите и во потполна складност да ја пренесат мелодијата на народната песна, на орото, па и на тогашните современи ритми, како што биле: кадрилот, полката и валцерот.
Жива легенда за тие златни времиња на велешката чалгија е 75-годишниот чалгија Ало Тончов, последниот од најпознатите чалгаџиски состави, што настапувале низ цела Македонија. Нивните настапи на веселбите, по неколку месеци однапред биле ангажирани, а најчесто свадбите се закажувале според слободните термини на чалгијата. Но имало и тажни моменти, кога чалгијата ги исполнува последните желби на некои од своите членови или пак на вљубениците во нивната песна. Така, последната желба на трговецот Петре Зиков од Титов Велес била секое утро по неговата смрт, се до 40-дневниот помен, на гробот да му пее Васил Дајраџијата. И најпознатиот кларинетист Јован Тончов, кога умрел, во 1952 година, на неговиот закоп го придружувала чалгијата.
За славата на велешката чалгија најмногу придонесол Арсо Кеманеџијата. Струните од виолината под неговите прсти просто им го пресекувале здивот на слушателите, и одеднаш разнежнети од мелодијата, од топлите тонови ја прифаќале, почнувале да пеат и да играат. Овој бард на народната песна во моментите на инспирација ги создал најубавите велешки песни. Ги опеал убавиците Султана Пулкова и Марето Цинциева, неисполнетата љубов на Лазар Трајков кон убавата Маџирка, како и други, за жал незабележани песни.
Речиси сите познати чалгаџии занаетот го учеле кај него. Подеднакво свиреле на веселбите на Македонците и на Турците. Добриот глас за велешката чалгија се пронел далеку. Дури до Стамбол, до Султанот. Во 1902 година, велешките чалгаџии Арсо Кеманеџијата, Јован Тончов, кој свирел на дајре, Ордан Канонџијата и Никола Крле на кларинет, биле повикани во царскиот град. Во сараите на Босфор свиреле цел месец пред султанот, беговите и везирите. Кога ќе завршела песната на оџата од сината Султан Ахмедова џамија, упатена до верниците, тогаш почнувала свирката во Токапи сарајот. Источниот мелос се преплетувал со познатите велешки ора: „Калајџиското“, „Тешкото велешко“, „Башиноселското“, „Елбасанското оро“, „Кавадарката“ и со други песни и ора.
Враќањето од Истанбул во Велес било овенчано со нова слава и со поголема вредност. Чалгијата што свирела пред султанот секој сакал да ја има на својата веселба. За цената не се прашувало. Така подоцна Јован Тончов, кој веќе станал прв кларинетист во градот со својата тајфа составена од Ванчо Бочвар, кој свирел на канон, Перо Бочвар – на виолина, Ристо Трпчев – на лаута и Исмаил на дајре, свиреле на повеќе свечености и свадби. Кон нив, односно кон чалгијата на татка си се придружил и Ало Тончов кој стасал во добар кеманеџија. Свои тајфи имале уште и Никола Крле, како и Ѓошо Влавче, кои заедно со Пано Аликоч и Гол Дервиш секогаш своите настапи ги започнувале со песните: „Ајде, дали знаеш, паметиш Милице“ и „Сиво ми сокле летна од Којник“.
Свадбите обично траеле по три дена. Некогаш и повеќе. Свиреле на свадбите на Андон Беширов од Гевгелија, кај Јован Бутика во Тетово и на една турска свадба во Штип, секој од тајфата покрај добиените дарови си делеле дури по 12 лири. Свадбите обично ги почнувале со маршеви. За секоја пригода имало марш. За одење по невестата, по кумот в црква.
Затоа морале да знаат по стотина и повеќе песни. Бидејќи никој не знаел да свири по ноти, тие нивното непознавање го надоместувале со извонредна извежбаност. Посебно импонирале со својата складност во интерпретацијата на песните. За тоа имале свој начин на подготвување. Бидејќи чалгијата е составена од четири инструменти, односно пет – со дајрето, секој чалгаџија влегувал во една од собите во куќата каде што се подготвувале и го почнувале изведувањето на песните. Додека свиреле едно од децата ги затворало вратите, и по неколку минути одново ги отворало, а мелодијата се пренесувала со исто темпо запазувајќи го ритамот. Извежбаноста на тајфата и складноста во исполнувањето на песните, не ретко по барање, ги докажувале на свадбите.
– Ние секогаш свиревме со чувство спрема оние кои играа. Дури се трудевме да го приспособиме тактот според движењата на игроорците. Така моравме и да се однесуваме бидејќи чалгаџиството ни беше професија. Посебно задоволство беше кога ќе заиграше некој познат играорец. Особено добро играше Евгенија Гајдова, кога го играше своето оро полно со брз ритам и посебни движења. Покрај неа мошне добро играа Анисија Виларова, Наце Фрклето, Славејко Ивчев и уште неколкумина, кои беа мајстори на орото. Потоа вистинската чалгија почнува да ја снемува, по смртта на Ванчо Бочвар, најдобриот канонџија – зборуваше резигнирано Ало Тончов.
– По Ванчо, никој не можеше да свири како него на тој инструмент. Денес ја нема и лаутата, а на нивно место се појавуваат нови инструменти, како тарабуката која никогаш не била во составот на чалгијата. Дури и ритамот е поизменет и тоа, главно, од новите инструменти. И не само ова. На денешните свадби е изгубено некогашното значење, односно почитувањето кон чалгијата и младоженците. Додека порано веднаш по чалгијата, која свирејќи свадбени маршеви, се движеа младоженците денес сосема пред неа играат сватовите, со што е нарушено правилото дека свадбата е за младите што влегуваат во брак, а не за веселите сватови. Нивната веселост треба да дојде до израз во домот или во просторијата каде што е веселбата, а не низ улиците на градот.
Виолината на стариот чалгаџија Ало Тончов денеска мирува. Белиот напластен прав под струните говори за многубројните настапи и веселби, за разиграните прсти и звукот што пленувал. Само ретко, кога ќе се најдеше во расположение, кога со другарите или со соседите ќе се направеа „каначиче“ (веселба) ќе ја дофатеше виолината, ќе потсетеше на славното време на велешката чалгија.

Од книгата „Песната и коренот“ од Никифор Смилевски, 1992 г.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ