ВЕСТ НА ДЕНОТ: Замeник министерката на МВР не го прифаќа Ристо Ставревски за шеф на СВР Скопје
Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, Тој не бил прифатлив затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“.
Останатите раководители и дополнителни раководители Петровска и Чулев ги назначија во соодветните секотри на министерството.
Тројна коалиција во албанскиот блок
„Тројната коалција за која се во тек преговорите меѓу Движењето БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива е формула за сигурна победа во албанскиот блок на наредните предвремени парламентарни избори предвидени за 12 април“, оцени денеска пратеникот од БЕСА Фадил Зендели.
Зендели потенцира дека се подготвени да разговараат со Алтернатива на највисоко политичко ниво на средба, а досега имале индивидуални контакти. Од Алтернатива, истакна, нема конкретен одговор, се разговара, а од Алијанса за Албанците има подготвеност.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Кривична пријава за двајца државни правобранители на подрачје на Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“
Судењето по предметот Еразмус се враќа на почеток затоа што еден од судиите поротници во судечкиот совет кој го води предметот, во кој им се суди на поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев и неколкумина професори, за седум дена заминува да работи во Германија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристијан Тимоние на која се зборувало за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни под палката на Хрватското Претседателство со ЕУ
Буџет од 527 милиони денари со Програмата за лекување ретки болести за 2020 година, соопшти Министерството за здравство
Новиот Закон за работни односи закочен поради изборите
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконско согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци заклучил дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Џабир Дерала, ЦИВИЛ, денеска гостуваше во „Утрински брифинг“ со Сашо Орданоски на тема избори, говорот на омразата, лажните вести…
„Очигледно е дека говорот на омраза, но и другите форми на валкана и црна пропаганда се многу присутни и нивното присуство секојдневно расте. Нивната софистицираност од сезона во сезона се продлабочува, се гледа дека се вложува многу труд, многу повеќе пари, ум. Во тоа може да се каже дека лажните вести, дезинформациите, манипулациите, спиновите исто така се еден голем и сериозен дел од целата таа црна пропаганда која се води и мислам дека тоа е резултат на недостаток на вистински политички програми и идеи“, изјави Дерала.
МИСЛА
Вакцината против вирусот лажни вести е кај медиумите-од корнер Зоран Иванов: Уште не седнати на функционерското столче, уште ниту време си дадоа да си ја отворат барем првата фиока од своето кабинетско биро, новите министри и заменици, наместо да се зафатат за изборните правила, се истрчаа да го спроведат партискиот налог за лаги. Со грст невистини, истурајќи купче лажни слики за состојбите во своите ресори, побрзаа да ја активираат партиската пропагандна машинерија.
Б. Јордановска