Судбината за околу 100.000 објекти по се изгледа дека станува неизвесна до завршувањето на парламентарните избори. Пред овој период нема надеж дека поднесениот закон од Владата ќе се изгласа во Собрание. ВМРО-ДПМНЕ не дава сигнали за отстапка од 1000 амандмани со кои го блокирал Законот за легализација на објекти изградени после 2011 година до 2019 година.
И покрај повиците на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, за решение на проблемот на 100.000 домаќинства, од собраниските колоари се дознава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите со кои дискусијата би траела со години.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека со овој закон власта сака да ја легализира урбанара мафија, а од власта демантираат информирајќи дека од овој предлог профитираат околу 100.000 домаќинства од целата земја. Од таму демантираат дека со законот би претрпил штета и Охрид, бидејќи предложеното законско решение за легализација на дивоградби нема да важи за згради, надградбите на зградите и терасите, но и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.
Законот предвидува легализација на дивоградбите изградени до 1 октомври 2019 година, а услов за тоа е да се платат сите комуналии и дополнителни 50 проценти од таа сума како казна, со што буџетот на државата и општините не само што нема да претрпи загуби туку ќе има и придобивки.
А. Зеќири