• Latest

11 јуни низ вековите

June 11, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 јуни низ вековите

June 11, 2018 09:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1509.- Англискиот крал Хенри Осми се оженил со првата од шесте жени, Катарина Арагонски.

1727.- Умрел британскиот владател од германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од хановерската династија. На престолот го наследил неговиот син Џорџ Втори. Во текот на неговото владеење од 1714 година па се до смртта функцијата на премиерот се искристализира како клучна во извршната власт.

1859.- Умрел австрискиот кнез Клеменс Метерних, кој како министер за надворешни работи и канцелар четири децении ја кроел надворешната и внатрешната политика на Австрија, а во многу што и судбината на Европа. Шеф на дипломатијата бил од 1809 до 1821, а од 1821 до 1848 канцелар, кога бил тргнат во мартовската Виенска револуција и бил принуден да емигрира во Англија.

1864.- Роден е германскиот композитор и диригент Рихард Штраус, долгогодишен директор на Виенската опера. Компонирал опери, балети, соло-песни, камерна музика. Дела: синфониските поеми „Дон Жуан“, „Тил Ојленсшпигел“, „Симфонија Алпа“, „Животот на јунакот“, оперите „Салома“, „Електра“, „Каваљер со ружа“, „Египетска Хелена“, „Арабела“, „Данајнина љубов“.

1869.- Македонската црковноучилишна општина во Неврокоп упатила писмо до великиот везир во Цариград, во кое барала решавање на црковното прашање преку поставување владика од словенско потекло. Чувствувајќи опасност, Цариградската патријаршија го заострувала курсот на својата панелинска политика и ги активирала своите органи на теренот против воведувањето црковнословенски во црквите и во училиштата. Започнало гонењето на се што е словенско од страна на грчките владици. Тогаш биле уништени голем број словенски ракописи и богослужбени книги.

1880.- Родена е американската пацифистка Џенет Ренкин, првата жена која станала член на Американскиот конгрес.

1891.- Велика Британија и Португалија потпишале конвенција за поделба на интересните сфери северно и јужно од реката Замбези во Африка, со која Њаса (сегашен Малави) станала британски протекторат.

1902.- Во селото Ракитница, Крушевско, во борба против турската војска загинал Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, член на ТМОРО и војвода. Во борбата загинале и неколкумина негови соборци. Веле Марков бил роден во селото Селце, Крушевско, во 1870 година.

1910.- Во Сент Андре Кибзак, во близина на Бордо, Франција, е роден Жак Кусто, француски истражувач на морските длабочини и режисер на документарни филмови за животот во морето. Познати се филмовите „10.000 метри под морето“ и „Светот на тишината“, а има снимено и повеќе телевизиски документарни серии. Умрел на 25 јуни 1997 година.

1955.- Во автомобилската трка „24 часа Ле Ман“ загинале 80, а биле повредени повеќе од 100 гледачи по судирот на три автомобили кои влетале во гледалиштето.

1970.- Умрел рускиот државник Александар Фјодорович Керенски, член, а потоа и претседател на привремената влада по Февруарската револуција во 1917 година во Русија. По симнувањето од власт, во 1918 година емигрирал и од 1940 година до смртта живеел во САД.

1979.- Во Лос Анџелес умрел Џон Вејн (вистинското име му било Морион Мајкл Морисон), американски филмски актер, режисер и продуцент. Играл главно во вестерн-филмови, толкувајќи ликови на правични и осамени луѓе. Филмови: „Поштенска кочија“, „Рио Гранде“, „Црвената река“, „Вистинска храброст“ (Оскар), „Рио Браво“ и други. Роден бил во Винтерсет, на 25 мај 1907 година.

2005.- Министрите за финансии на седумте најразвиени земји во светот и Русија, таканаречената група Г-8, во Лондон постигнале историски договор за отпис на 40 милијарди долари долг на најсиромашните земји во светот.

2005.- Умрел поранешниот португалски претседател на владата, генералот Васко Гонсалвес, еден од водачите на португалската „Револуција на каранфилите“ во 1974 година, кога бил трнгат од власт режимот што своевремено го воспоставил Антонио Салазар.

2008.- Сменетиот крал на Непал – Ѓанендра ја напуштил својата палата во Катманду и започнал живот како обичен граѓанин. Династијата која со Непал владеела 240 години била тргната откако со хималајската монархија завладеале маоистите.

2013.- На 79-годишна возраст починал полошко-кумановскиот владика Кирил. Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година се замонашил во манастирот Свети Причеста во Кичево. Студирал на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск каде завршил прв степен на студиите. Со недовршен факултет две години потоа бил повикан во Македонија. Во 1967 година во соборниот храм “Свети Димитриј” во Скопје, бил хиротонисан во епископски чин. Раководел извесен период со Австралиската и со Американско-канадската епархија. Во 1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит. Коавтор е на монографијата “Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим”, Скопје, 1979 година. По упокојувањето на Архиепископот Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј времено ја извршувал должноста на архиепископскиот трон. Прогласен бил за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник бил на повеќе признанија и на Орден заслуги за народ. Владиката Кирил бил роден на 23 јуни 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско.

2015.- На 69-годишна возраст починал познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски – Џумерко. Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Џумерко имал огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител бил на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година. Роден бил во Прилеп, во 1946 година.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ