• Latest

11 октомври низ вековите

October 11, 2018

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

June 27, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада ќе биде акционер во одморалиштето на Кушнер во Сазан; Уставниот суд на Косово им даде рок од 30 дена на пратениците да го конституираат собранието

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Борејќи се за преживување, Хамас се соочува со бунтовни кланови и сомнежи во врска со Иран

June 27, 2025

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Протекоа детали за тајните дипломатски напори на САД за рестартирање на преговорите со Иран

June 27, 2025
фото: принтскрин емисија „Вин-Вин“, ТВ Телма

Димитриеска-Кочоска: Голем предизвик е да се одвојуваат 5% за одбраната, но добро е што има период на прилагодување

June 27, 2025
Фотографија: МИА

Бугарија преминува на евро, ЕУ го потврди влезот во еврозоната

June 27, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Од 1 јули сe забранува движење во шумите, казна до 2.000 евра за тие што ќе се затекнат

June 27, 2025

Додик: Комеморацијата во Поточари не ја организираат властите во БиХ, туку муслиманската страна, нема да одиме таму додека не се реши обидот за убиство на Вучиќ

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 октомври низ вековите

October 11, 2018 09:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Папата Лав X на англискиот крал Хенри VIII му ја доделил титулата „Бранител на верата“ бидејќи кралот објавил книга во која се осудуваат идеите на германскиот верски реформатор Мартин Лутер.

1737.- Во земјотресот во Калкута, Индија, загинале околу 300.000 лица.

1885.- Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се „Дете под товарот на синџирите“, „Бакнежи за прокажаниот“, „Црните ангели“. Во 1952 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Париз, на 1 септември 1970 година.

1895.- Во Сплит е роден Јаков Готовац, хрватски композитор и диригент. Компонирал опери, хорови, соло-песни, симфониски композиции, сценска музика и друго. Автор е на прочуената опера „Еро од оној свет“. Умрел во Загреб, на 16 октомври 1982 година.

1896.- Во Виена умрел Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонирал симфонии и црковна музика. Роден бил на 4 септември 1824 година.

1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напишал околу 200 научни трудови. Умрел во Скопје, на 24 ноември 1985 година.

1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ во Втората светска војна за конечно ослободување на окупираната земја. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Тоа бил почетокот на четиригодишната НОВ на македонскиот народ која заврши со успех. Овој ден и во поранешната СФРЈ и во независна и суверена Република Македонија се одбележува и прославува како ден на востанието на македонскиот народ.

1947.- Во чест на Денот на востанието на македонскиот народ во Битола и во Штип биле организирани првите фестивали на народни игри, песни и инструменталисти од сите краишта на Македонија.

1953.- Во Скопје, во издание на Матицата на иселениците од Македонија, излегол првиот број на илустрираното списание „Македонија“.

1963.- Умрел Жан Кокто, француски писател и сликар. Тој е писател кој поминал низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени пантомимата, балетот и мелодрама, како и комедии и класични трагедии. Бил и единствениот сликар кој ги илустрирал сите свои дела. Од 1955 година станал член на Француската академија на науките. Роден бил на 5 јули 1889 година.

1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот била емитувана првата емисија – документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.

1972.- Во Скопје свечено била отворена новата зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

1977. Во атентат бил убиен претседателот на Северен Јемен полковникот Ибрахим ал Хамди.

1980.- Двајца советски космонаути ја завршиле дотогаш најголемата мисија во вселената, престојувајќи 185 дена во бродот „Саљут 6“.

1988.- Говорот на папата Јован Павле II бил прекинат во Европскиот парламент во Стразбур кога британскиот пратеник од Северна Ирска, протестанскиот свештеник Јан Пејзли извикал „антихрист“, покажувајќи транспарент на кој пишувало „Јован Павле II антихрист“.

1990.- На стадионот „1 Мај“ во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, на кој присуствувале 150.000 гледачи еуфорично била поздравена победата на фудбалската репрезентација на Северна Кореја над Јужна Кореја со резултат од 2:1. Тоа бил историски пријателски натпревар, прво меѓусебно спортско натпреварување меѓу двата дела на поделената земја.

1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржала во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) бил примен за полноправен член.

1993.- Исламски терорист во Осло го нападнал и ранил норвешкиот издавач Вилијам Нигард. Тој ја печател книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индиско потекло Салман Ружди.

1994.- Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествувале високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

1994.- Почнала изградбата на пругата Куманово-Бељаковце-Деве Баир кон Бугарија.

2002.- Во експлозија на бомба на пазар во центарот на Хелсинки која ја подметнал и загинал 19-годишен студент на хемија, кој упатството за правање бомба го „симнал“ од Интернет, загинале 7, а биле ранети 85 луѓе.

2004.- По одлуката на Триполи да се откаже од оружјето за масовно уништување, Европската унија го укинала ембаргото врз Либија.

2007.- Во Њујорк умрел Шри Чинмој, еден од најголемите духовни водачи, поет и активист за мир, музичар, ликовен уметник, спортист, основоположник и организатор на голем број културни и хуманитарни програми. Во 2003 година ја посетил Македонија и одржал концерт во Универзалната сала во Скопје. Роден бил во Индија, во 1931 година.

2012.- Добитник на Нобеловата награда за литература станал кинескиот писател Мо Јан. Во својата проза Мо Јан со халуцинантна острина ги обединува историјата, приказната и современиот миг. Во Шведска и во повеќе земји во светот се преведени неколку книги од Мо Јан: „Црвеното поле“, „Баладите за белиот лук“ и „Симен Нао и неговите седум животи“.

2013.- Во Рим на 101-годишна возраст почина поранешниот СС офицер, нацистичкиот злосторник Ерих Прибке. Прибке издржувал доживотна казна затвор поради масакрот познат како Адреатинска пешетера во близина на Рим, во кој во март 1944 година, биле убиени 335 мажи, повеќето млади момчиња, од кои 26 Евреи. Злосторството било извршено по наредба на Адолф Хитлер, во знак на одмазда поради нападите на италијанските партизани на касарна на нацистите во Рим, кога биле убиени 33 припадници на СС единицата. По војната, Прибке дочекал пензија, работејќи како наставник во Аргентина, а во 1995 година бил испорачан во Италија, каде во 1998 година бил осуден на доживотна казна, која во 2003 година е преиначена во домашен притвор поради неговата здравствена состојба.

(МИА)

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ