• Latest

12 јуни низ вековите

June 12, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 јуни низ вековите

June 12, 2018 09:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1683.- Турската војска под водство на големиот везир Мустафа, ја почнала блокадата на Виена, главен град на Хабсбуршкото царство. По два месеца турски напади, полскиот генерал Јан Собејски, заедно со силите на Карло Лотарински ги поразил Турците, чии разбиени чети се разбегале на сите страни, оставајќи го на боиштето големиот воен плен.

1691.– Ахмед Втори на турскиот престол го наследил султанот Сулејман Трети.

1759.- Умрел англискиот писател Вилијам Колинс, еден од најзначајните англиски лирски поети во 18 век. Дела: „Вечер“ „Шкотски празноверија“, „Слобода“.

1798.- Француската армија го зазела средоземниот остров Малта.

1812.– Францускиот император, Наполеон Бонапарта, на чело на “големата армада” ја минал реката Њемен и ја започнал офанзивата на Русија. Напаѓачката армија располагала со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеала да навлезе во Москва која била напуштена од руските единици. Наместо мир напаѓачите доживеале отпор и зимското невреме сосема ги уништило.

1924.- Роден е американскиот државник Џорџ Херберт Вокер Буш, претседател на САД од 1989 до 1993 година. Во 1991 година ги предводел западните сојузници во борбата против Ирак. Во Втората светска војна се борел на Пацификот како пилот во морнарското воздухопловство, а во 1974 и 1975 година бил амбасадор во Кина, потоа во 1976 година директор на ЦИА, а потпретседател на САД од 1981 година во текот на двата претседателски мандати на Роналд Реган.

1929.- Родена е Анелис Мари Франк, позната како Ана Франк, чиј дневник стана симбол на страдањата на Евреите во текот на Втората светска војна кога германските нацисти плански ги уништуваа припадниците на еврејскиот народ во Германија и во окупираните земји во Европа. Нејзиното семејство по доаѓањето на нацистите на власт во Германија во 1933 година избегало во холандскиот град Амстердам, каде од 1942 година живеело во тајно скривалиште, но Гестапо го открил во 1944 година. Била убиена во март 1945 година во германскиот логор Берген – Белзен, а од нејзиното семејство војната ја преживеал само нејзиниот татко. По Втората светска војна пронајден е и во 1947 година е објавен нејзиниот потресен дневник пишуван во текот на двете години поминати во скривалиштето.

1935.- Умрел Алфред Драјфус, единствениот офицер Евреин во Генералштабот на француската армија. Во времето на антисемитизмот што завладеал во Франција, во 1894 година, како армиски капетан, лажно бил обвинет за шпионска активност во корист на странска сила и бил осуден на доживотна робија и упатен во затворот на Ѓаволскиот Остров. Во бурата на протести што настанале во Франција против ваквото недокажано судење се вклучил и познатиот француски писател Емил Зола. Иако вистинскиот виновник бил откриен, Драјфус повторно бил осуден за виновен, но во 1906 година бил помилуван. Бил учесник во Првата светска војна, а за тоа Франција го наградила со највисокото признание „Легија на честа“. Случајот со Драјфус е познат како „Драјфусова афера“. Роден бил во 1859 година.

1943.- Кај селото Лавци, Битолско, во борба против бугарскиот окупатор се самоубил Тодор Ангелевски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, македонски учител и просветител и еден од првите учесници во НОВ на Македонија. Роден бил во селото Лавци, на 4 јануари 1909 година.

1946.- Во Скопје, во борбата за првата фудбалска шампионска титула во слободна Македонија, се одиграл фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Победа (1:2). Од оваа средба Радио Скопје, односно Коле Чашуле, го извршил првиот фудбалски радиопренос во Македонија.

1964.- Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште седуммина истакнати раководители на ослободителното движење против расистичкиот режим во Јужна Африка биле осудени на доживотна робија во познатиот “Прес Ривони”. Мандела бил ослободен во 1990 година, а на 10 мај 1994 година, во Преторија, дал заклетва како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.

1991.– Борис Елцин бил избран за претседател на Русија.

1993.- Република Македонија станала членка на Меѓународната поштенска заедница.

1997.– Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1997.- Во Париз умрел Булат Окуџава, руски поет, во 1967 година добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Роден бил во Москва, на 9 мај 1924 година.

2001.– Владата на Република Македонија донесла одлука за нормализирање на односите со Народна Република Кина. На 18 јуни 2001 година Република Македонија и НР Кина воспоставија дипломатски односи, а истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинале дипломатските односи.

2003.- Умрел американскиот филмски актер Грегори Пек. Филмови: „Двобој на сонце“, „Случајот Парадин“, „Џентлменски договор“, „Снеговите на Килеманџаро“, „Празник во Рим“, „Моби Дик“, „Арабеска“ и други.

2007.- Умрел баронот Ги де Ротшилд, француски банкар, еден од најкрупните личности во светските финансии. Баронот Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд бил роден во Париз во 1909 година, во дворецот на Родшилдови. Во текот на нацистичката окупација за време на Втората светска војна побегнал во САД, а подоцна во Лондон каде му се приклучил на движењето на отпорот на генералот Шарл де Гол. Ротшилд ја водел семејната империја и претседавал со банката „Ротшилд Фрере“ од 1967 до 1979 година.

2008.- Ирските граѓани го отфрлиле, на референдум, Лисабонскиот договор кој предвидува низа реформи во институциите на Европската унија. Против ратификацијата на Лисабонскиот договор се изјасниле 53,4 отсто од гласачите во таа земја.

2013.- Починал најстариот човек на светот, 116-годишниот Јапонец, Џироемон Кимура. На 19 април тој го прославил својот 116-ти роденден и со тоа се запишал во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек на светот. Кимура бил роден на 19 април 1897 година и во декември 2012 година бил прогласен за најстариот човек на планетава, откако починала претходната носителка на оваа титула, која била американска државјанка. Јапонецот имал седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 праправнуци.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ