• Latest

12 март: Политичките лидери да бидат пример, но и приватниот сектор да ги почитува мерките за спречување на КОВИД-19

March 12, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

12 март: Политичките лидери да бидат пример, но и приватниот сектор да ги почитува мерките за спречување на КОВИД-19

March 12, 2020 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Партиските лидери денеска на координација кај Спасовски

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата имаа координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.

„Нема поважна работа од здравјето на граѓаните. И во таа насока побарав согласност која беше прифатена дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по средбата.

На средбата, посочи Спасовски, со министерот за здравство Венко Филипче информирале детално за некои аспекти на преземените мерки и активности, а биле разгледани и сите опции за можен иден развој на настаните и за одговорите за сите тие настани.

Спасовски нагласи дека сите треба да покажат одговорност во ситуацијата, вклучувајќи го и приватниот сектор.

„Нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, тоа значи и профитит не е поважен. Тој што мисли дека ќе профитира во вакви услови, нема успех“, нагласи Спасовски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Здравјето на граѓаните пред се, политичките партии да бидат пример за почитување на препораките

Социјалдемократскиот сојуз ќе ги почитува препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги води преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстримиг, порача денеска лидерот на партијата Зоран Заев по лидерската средба во Владата свикана на барање на премиерот Оливер Спасовски.

„Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над се останато“, изјави Заев.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Хронично болните пациенти за продолжување на нивната терапија ќе можат наместо кај лекар специјалист да одат кај матичниот лекар, како дополнителна мерка која нема да важи за новодијагностицираните пациенти.

*

Од деветтемина пациенти кои имат коронавирус и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување што значи имаат поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата.

*

Педесет респираторни машини, дополнителна заштитна опрема, 1.000 нови тестови и два мобилни апарати за рендген снимање (со цел пациентите да не одат на Рендген институтот) ќе бидат набавени, изјави министерот Венко Филипче.

*

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

*

Координативното тело за изготвување и следење на имплементацијата на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 при Влада на Република Северна Македонија склучи меморандум за соработка со Нансен дијалог центарот Скопје.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)

Ангела Петровска 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ