• Latest

13 февруари: Слободни избори наспроти црна пропаганда, разобличени лажни вести, политички лупинг на Мицкоски…

February 13, 2020

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

13 февруари: Слободни избори наспроти црна пропаганда, разобличени лажни вести, политички лупинг на Мицкоски…

February 13, 2020 19:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Петровска, Забрчанец и Бачовска говореа за црната пропаганда на панел дискусијата на ЦИВИЛ

На панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ која ја организираше ЦИВИЛ, заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска зборуваше за хибридните закани врз демократијата, но и за неодамнешниот скандал со наводите кои ги изнесе словенечкиот портал Нецензурирано, за слевање на 2,5 милиони евра во пет медиуми во Македонија.

„Со право темата на хибридни закани станува актуелна особено во предизборието. Хибридната војна не е ништо ново во демократските земји во светот. Повеќе или помалку хибридните закани може да добијат дополнителен облик . Тоа значи дека некоја страна, во или надвор од државата, има некаков интерес да направи напад врз некој сегмент од општеството“, вели Петровска.

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, зборуваше за Националната стратегија за комуникации и за тоа колку Владата има волја да се справи со овие немили појави со кои се соочуваме во изминатите години.

„Владата е сериозно алармирана од појавата на црната пропаганда и сметаме дека во моментов во општеството постои можност за бунт насочен кон дезинформациите“, вели Забрчанец.

Тој изјави дека ширењето лажни вести повеќе не е мејнстрим политика, црната пропагандата не е мејнстрим политика.

„Сега гледаме едно поинакво однесување од оној период во кој бевме навикнати на нешто друго. Има сериозна промена во општествениот амбиент. Политиките на црната пропаганда се туркаат кон маргините на општеството. Секој може да зборува слободно и гласно, да ја критикува и власта и оние кои се дрзнуваат да шират дезинформации“, вели Забрчанец.

Универзитетската професорка Јасна Бачовска, вели дека проблемот со лажните вести и пропагандата е голем и глобален проблем и во меѓународната политика.

„Имајќи предвид сè што се случуваше за време на референдуот и претседателските избори не верувам дека овој пат ќе биде нешто поразлично. Политичките партии може да направат многу, односно да ја канализираат политичката дебата на социјалните мрежи. Мислам дека треба да покажат ниво на политичка одговорност. Но, знам нема да покажат. Гледаме каква реторика се артикулира. Гледајќи ја таа реторика, тоа ја навестува целата прљавштина која ќе се артикулира во наредниот период“, смета Бачовска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Славјанка Петровска, МВР: Потребна е предистражна постапка за наводите за нелегално финансирање на неколку македонски медиуми

Заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ која денеска ја организира ЦИВИЛ зборуваше за хибридните закани врз демократијата, но и за неодамнешниот скандал со наводите кои ги изнесе словенечкиот портал Нецензурирано, за слевање на 2,5 милиони евра во пет медиуми во Македонија.

„Со право темата на хибридни закани станува актуелна особено во предизборието. Хибридната војна не е ништо ново во демократските земји во светот. Повеќе или помалку хибридните закани може да добијат дополнителен облик . Тоа значи дека некоја страна, во или надвор од државата, има некаков интерес да направи напад врз некој сегмент од општеството“, вели Петровска.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Предизборни балон проби

Предлогот на Мицкоски не помина кај неговите, Чулев има проблем со пасошите и личните карти, Спасовски му нареди да си го реши проблемот, Мизрахи пред отказ, исчекување на законот за ЈО…

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) засилено ќе ги следи активностите на политичарите и на државните функционери во предизборниот период, а во тоа ќе и помогне Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, најави претседателката на комисијата Билјана Ивановска. Таа ги повика и сите граѓани на комисијата да и ја пријават секоја воочена нерегуларност за време на изборите.

„Во однос на следењето на трошоците за време на изборната кампања, ќе воспоставиме мониторинг на извршениот превоз, рекламен материјал, рекламирање со плакати и рекламни паноа и билборди од страна на организаторите, на веб-страницата на ДКСК ќе биде достапен образецот за пријавување на секаков вид недозволено и незаконско постапување од страна на институциите и вработените во јавниот сектор, а кој ќе може да го користат сите граѓани на РСМ“, најави Ивановска.

Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО која покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО. Таа додаде дека од следниот месец мисијата на Северна Македонија се сели во седиштето на НАТО.

Европските интеграции на земјава во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес беа во фокусот на разговорите на средбата што вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров  ја имаа со Амели де Моншален, министерка за Европа и претставничка на Република Франција во Европската Унија.

За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Тој нагласи дека ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени.

Постои можност денеска Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА собраниски извори, но сепак седницата се уште не е објавена на официјалниот сајт на законодавниот дом.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот,  кога треба да се одржи седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во својата колумна „Евро-атлантско самоубиство од заседа“ пишува за опозициска папазјанија што се одвива во последните изброени денови пред распуштањето на Собранието и одењето на предвремени избори.

„Што е право, не може да се оспори дека ВМРО-ДПМНЕ остана цврсто доследна на своите долгогодишни, „груевистички“ ставови за отежнување, на секој можен начин, на евро-атлантскиот пат на државава. Како што не може да се оспори дека тие напори завршуваат залудно, со целосен политички дебакл“, вели Орданоски.

Џабир Дерала во својот рафал „Мицкоски направи уште еден политички лупинг без да ги поткрене панталоните“  пишува: „Извршните комесари му удрија банана на претседателот (намесникот, во случајов), без да го чекаат да ги поткрене панталоните. Од надвор, тоа изгледа само како уште еден политички лупинг, но во магла, па затоа никој не го забележа. Ова може да се толкува и како знак дека партијата, на некој перверзен начин, влегла во процес на внатрешно демократизирање“.

Зоран Ивановски во својата коумна „Ниту обнова ниту прав пат“ пишува: „Атрактивоста на галамџиската и плукачка кампања ќе станува се подоминантна, па никој не ќе ги слушне темите од партиски изборни програми. Од нив ќе бидат запаметени само насловите. Едните ќе галамат за рекет, другите ќе се потсетува на режимот, првите ќе обвинуваат за Прспанскиот, другите ќе се китат со НАТО и се така до април“.

Џевдет Хајредини преку поентата „Заслуги за НАТО“ вели: „Не може да бидат заслужни за влез на Македонија во НАТО тие што скоро десет години на Груевски му помогнаа да ја претвори во “прва победа на Русија над Америка”, само затоа што со амнестија ги спаси од Хашките случаи“.

Дехран Муратов

Во соработка со: Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Ангела Петровска, Диана Тахири, Игор К. Илиевски и Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ