• Latest

Ниту обнова ниту прав пат

February 13, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ниту обнова ниту прав пат

Атрактивоста на галамџиската и плукачка кампања ќе станува се подоминантна, па никој не ќе ги слушне темите од партиски изборни програми. Од нив ќе бидат запаметени само насловите. Едните ќе галамат за рекет, другите ќе се потсетува на режимот, првите ќе обвинуваат за Прспанскиот, другите ќе се китат со НАТО и се така до април.

February 13, 2020 10:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Од корнер: Зоран Иванов

Пробиен е 12-ти април, но уште има живо Собрание. Може да продолжи да функционира до зима, до редовните парламентарни или сепак во минута до дванаесет да се распушти овој викенд. Кавгите околу Законот за Јавното обвинителство некако на сите им дојде како здив. Како можност уште еднаш да се пресметаат дали ќе прват избори на пролет или сето ќе го остават за редовниот термин во октомви, ноември годинава.

Причината што вчера се одложи распуштањето на Собранието е во фактот што власта сè уште власта нема баш сигурни 80 собраниски гласа за Законот. Тој е во процедура, расправата тече, опозицијата, поконкретно ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно се откажа да учествива во процесот на неговото донесување.

При сето, една работа останува недоволно јасна. Искреноста дека сите ги сакаат предвремените априлски избори. СДСМ која од осумтемина пратеници исклучени од ДПМНЕ кои лани го обезбедија собранискиот минимум за Преспанскиот договор и за уставните измени, сè уште не може да смета на сите нивни гласови. Од другите кои сега се ниту власт ниту опозиција, исто така. До последен момент не може со сигурност да смета на нив. Ако власта со сигурна гаранција не го обезбеди потребното двотретинско мнозинство, тоа може фино да им дојде на сите. И на власта и на опозицијата. Уште повеќе толку да се испокараат до степен и распуштањето на собрането дополнително да го допроблематизираат. Со тоа и најавените предвремени.

Тогаш земјава би влегла во нова мачна политичка криза. Собранието полуживо, полумртво и нефункционално. Владата ваква каква што е сега, техничка, ќе се измачува и непродуктивно ќе се тетевари до денот на редовните избори. Сето време до тогаш ќе биде време на јавни меѓупартиски кавги. На паушални обвинувања и непродуктивни изборни кампањски реторики од кои државата ќе нема ништо освен драгоцено изгубено реформско време. Во едни вакви околности од Европа нема да нè мазат. Баш фино ќе им дојде да нè откачат до време на некакво постизборно стабилизирање на нашите внатрешно политичките состојби.

Па, иако избори не одговараат никому, сепак од избори во април веќе бегање нема. Сега останува партиите уште поизострено да продолжат со своите трикови на надмудрувања кои главно и по традиција се движат само на релација на меѓусебни обвинувања. На ништо друго.

Атрактивоста на галамџиската и плукачка кампања ќе станува се подоминантна, па никој не ќе ги слушне темите од партиски изборни програми. Од нив ќе бидат запаметени само насловите. Едните ќе галамат за рекет, другите ќе се потсетува на режимот, првите ќе обвинуваат за Прспанскиот, другите ќе се китат со НАТО и се така до април.

А Македонија? Од преголема партиска бучава и од премногу партиски прав, Македонија не ќе види ниту Обнова, ниту Прав пат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ