• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026 14:26
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Најдобар дел од училишната година е последната недела. Сите погледи се свртени кон летото и распустот а за оценките денешните генерации не се многу нервираат, зошто очекуваат несебична поддршка од родителите и нивните неодминливи потреби да кажат дека нивното дете е скроз одлично. Многу често не е така според постигнатите резултати ама кој води сметка денес за такви ситници. Барај врски до наставниците па некако ќе се среди. Е-дневник и тешкотиите на наставниците да интервенираат се смета за откажување од пријателство па дури и нарушување на роднинските односи.

Како одговор на една порака која ја добив како коментар на мојот претходен текст, кој ми замерува дека само ги опишувам состојбите а не кажувам што треба да се направи.

Па зарем покрај 7 илјади доктори на наука и уште толку магистри од сите области, новинарите треба да нудат одговори?. Наше ѐ да поттикнеме дебата по одредени состојби и ако тоа го успееме нашата задача е исполнета.  Можеби грешам ама и тоа е поттик за дебата. А да си признаеме дека не сме општество кое е наклонето кон дебата и демократско изнаоѓање на решенија? Ние се врзуваме за лидери и ги чекаме нивните одлуки криејќи се зад нив за да не понесеме одговорност за кажаното или направеното.

Да се вратам кон она што и како личност го чувствувам. И родителите и наставниците ја губат битката со современата технологија и неможноста за контрола врз неа. Педагозите предупредуваат дека многу од содржините не се за деца па дури и за постари малолетници. Она што децата го следат тешко дека може да се подведе под било која педагошка постапка за нивно образување а камоли за правилно воспитување. Дополнително со разни партиски кадрирања и неиздржани реформи го урнисавме авторитетот на наставниците до ниво на раководители на организиран престој на децата во училиштата и толку. Веќе не ми се споменува потребата од реформи во основното образование зошто брзината на технолошкиот развој и влијанието на социјалните мрежи уште на почеток го уништуваат успехот на реформите.

Социјалните мрежи веќе не сѐ средство за комуникација туку облик на упросечување на човештвото до ниво на владеење на неговиот поглуп дел и сведување на одговорноста до ниво на нејзиниот антипод – неодговорноста.

Папата Лав издаде Енциклика каде го опомена модерното човештво дека технологијата треба да му служи на човештвото а не технологијата да го обликува и човештвото и човекот како божја креација. Така кажа Понтифекс Максимусот, а има ли после литургиите на православната цркава нешто слично. На пример обраќање кон верниците на надлежниот архијереј? Има ли Реисот став по ова прашање?

Да не должам премногу. За справување со ваква опасност за идните генерации не ѐ потребна кавга туку голема општествена дебата. Ништо нема да направиме ако си ја префрлуваме вината едни на други. Од ова ќе зависи дали ќе опстоиме како држава, народ па дури и како специфична култура и идентитет. Ако тоа не го направиме нема да докажеме дека имаме право да опстоиме како држава и народи кои живеат во неа. Сами ќе си бидеме криви и никакви вета на ЕУ нема да ни донесат поголема штета од таа што сами ќе си ја направиме. Време е за поединечна и општествена одговорност по најважното прашање. Какви ќе ни бидат идните генерации.

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

Кога вистината е нападната, молкот не е неутрален.
Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, хибридните закани и авторитаризмот.

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ