Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, и министерот за млади и спорт, Матвиј Бидни, во денешната заедничка изјава, остро ги осудија неодамнешните одлуки на Меѓународната гимнастичка федерација и Европската гимнастика да им дозволат на руските и белоруските спортисти да учествуваат на меѓународни натпревари под нивните национални симболи.
„Остро ги осудуваме неодамнешните одлуки на World Gymnastics (Меѓународната гимнастичка федерација) и European Gymnastics да им дозволат на спортистите од Руската Федерација и Република Белорусија да учествуваат на меѓународни натпреварувања под нивните национални симболи. Таквите чекори се спротивни на основните принципи на фер-плеј, солидарност и мир врз кои треба да се темели меѓународниот спорт“, стои во заедничката изјава, објавена на веб страницата на украинската амбасада.
На ова се осврна и амбасадорката на Украина, Лариса Дир, со објава на социјалните мрежи.
„Украинските спортисти тренираат под гранатирања, ги губат своите домови и спортски бази. Одлуката за враќање на спортистите од рф и рб под национални симболи претставува „нормализација“ на војната во која рф убива Украинци. Спортот не е платформа за пропаганда на убиства“, напиша амбасадорката Дир.
🇺🇦спортисти тренираат под гранатирања, ги губат своите домови и спортски бази. Одлуката за враќање на спортистите од рф и рб под национални симболи претставува „нормализација“ на војната во која рф убива🇺🇦. Спорт не е платформа за пропаганда на убиства https://t.co/hZyFWITynz pic.twitter.com/UWfgC5mND7
— Larysa Dir (@dir_larysa) May 27, 2026










































