• Latest

14.500 денари за месеците април и мај, директни средства за спортистите и спортските работници за да се зачуваат нивните работни места

April 5, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

14.500 денари за месеците април и мај, директни средства за спортистите и спортските работници за да се зачуваат нивните работни места

April 5, 2020 12:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Директна помош од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници, со цел да се зачуваат нивните работни места и олеснување на работниот процес во кризни времиња“, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски кој информираше за донесената уредба со законска сила на Владата со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка за спортистите, стручни лица и спортска администрација.

„Оваа финансиска поддршка се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија и се исплаќа врз основа на статус на вработен или ангажиран со договор на лице во клубови и национални спортски федерации, кои имаат решение за вршење дејност спорт. 14.500 денари помош од АМС за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови“, објасни Каевски.

Сите лица кои спаѓаат во оваа категорија е потребно до 15 април 2020 година, да достават барање за исплаќање на финансиска поддршка по електронски пат до Националната спортска федерација, а потоа Националните спортски федерации во рок од 7 дена ги доставуваат барањата со потребната документација до Агенцијата за млади и спорт.
Формуларот на барањето, уредбата за финансиска поддршка и целокупниот процес ќе биде објавен на веб страната и јавните гласила на Агенција за млади и спорт и Националните спортски федерации.

Покрај оваа мерка, која овозможува директна поддршка на спортистите и спортските работници, креиран е дополнителен пакет мерки со кои се олеснува работата и функционирањето на клубовите во оваа состојба.

Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди финансиски средства за реализација на Националниот спортски систем на сите Национални спортски федерации по завршувањето на кризата до крајот на 2020 година и ќе ги финансира програмите на индивидуалните врвни спортисти на олимписките спортови, односно тренажниот и натпреварувачкиот процес за 2020 година.

Во соработка со федерациите, Агенцијата за млади и спорт ќе ги ослободи клубовите за плаќање годишна членарина или котизација, што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година.

Директорот Каевски најави дека Агенцијата за млади и спорт ќе поднесе предлог до Владата за 50 отсто намалување на цените на услугите на спортските објекти кои што се во надлежност на институциите, како и препорака за истиот принцип на функционирање до општините и локалната самоуправа.

Со овој пакет мерки за спортистите, спортските работници, клубовите и Националните спортски федерации ќе се овозможи одржување на спортот во оваа тешка ситуација, задржување на работните места и олеснување на работата, со цел подобро и без големи последици да се надминат предизвиците пред кои сме исправени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ