• Latest

14 април, вонредна состојба, ден 27: Заврши кризната состојба во Дебар и Жупа, Куманово бара карантин, 54 новозаболени и 42 оздравени од КОВИД-19…

April 14, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

14 април, вонредна состојба, ден 27: Заврши кризната состојба во Дебар и Жупа, Куманово бара карантин, 54 новозаболени и 42 оздравени од КОВИД-19…

April 14, 2020 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заврши кризната состојба во Дебар и Жупа, 10 дена нема новозаболен

После 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.

Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020, односно кризната состојба во тие две општини.

Директорот на Центарот за уравување со кризи Агрон Буџаку рече дека од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба во Дебар и Жупа придонело во последните 10 дена, да нема нови случаи на заразени лица со коронавирусот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани

„Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа, туку и за граѓаните на Република Северна Македонија, дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и во овие тешки моменти“, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар.

Додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин и со ограничување на движењето поради здравствената криза.

„Граѓаните се за секоја пофалба и признание поради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против короноавирусот и тоа покажува дека со посветеност, преку дисциплина и внимание и преку упорност, којашто ја има секој од нас, можеме да си помогнеме и себеси и на нашите семејствата и на државата“, рече Спасовски.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 27

Потврдени 54 нови случаи на КОВИД-19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г), информираат од Министерството за здравство.

*

Кризниот штаб на Куманово денеска ѝ предложи на Владата да го стави градот во 14-дневен контролиран карантин и воведување кризна состојба.

*

Со организираниот лет за репатријација на македонските граѓани затекнати во Италија, денеска се вратени 152 македонски државјани и ќе поминат 21 ден во државен карантин.

*

Првиот тест на четиричленото семејство од Гевгелија,кое беше заразено од Ковид-19 беше направен вчера, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, а изминатиов период од десет дена не се регистрирани нови случаи на заразени лица.

*

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено, веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје, и апелира до сите медиуи да користат исклучиво официјални информации од надлежните институции.

*

Претседателот Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, со оглед на состојбите до денес. Сепак, одлуката ќе се донесе на состанок на Советот за безбедност во четврток, кога изминуваат 30 денови од првото прогласување на вонредна состојба.

*

Негативни се резултатите за коронавирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, кои неколку дена го чекаа исходот од своето тестирање.

*

Во текот на изминатите 24 часа е документирано дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, а од нив 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Мобилната апликација на Министерството за здравство #StopKorona може да се преземе од веб-страницата  stop.koronavirus.gov.mk. Откако корисникот ќе ја внесе во својот мобилен телефон, таа ќе евидентира дали тој бил во непосредна близина на лице заболено од КОВИД-19 во изминатите 14 дена.

*

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е во функција делот за предучилишно образование на националната платформа за е-учење ЕДУИНО, која е подготвена во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и со останатите партнери.

*

Универзитетската клиника за неврологија информира дека е отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.

*

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Некаде прочитав дека за време на Првата светска војна, некои од војниците на Западниот фронт, кои со месеци биле заглавени во бескрајните ровови на линијата на судирот, засадувале цели градини со цвеќиња. Во таа општа кланица – историјата ја става бројката на воени и цивилни жртви на некаде околу 40 милиони луѓе – овие „рововски“ градини служеле и како терапевтска мерка за она што денеска се опишува како актуелен и пост-трауматски стрес од таа ужасна воена калварија“, пишува Сашо Орданоски во „Доаѓаат и подобри времиња“.

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ