• Latest
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

14 јануари: Нулта толеранција наспрoти кампања со говор на омраза, одлучната ДИК, поротнички пензии и богатство од колумни

January 14, 2020

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

14 јануари: Нулта толеранција наспрoти кампања со говор на омраза, одлучната ДИК, поротнички пензии и богатство од колумни

January 14, 2020 18:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Спасовски повика на нулта толеранција за говорот на омразата

На денешната прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски, освен повикот за лична и професионална одговорност како придонес за напредокот на државата на извршната власт, што би требало да биде гаранција дека таа е во сигурни раце, зборуваше и за присуството на говорот на омраза.

„Треба да бидат вложени сите напори да се одржи континуитет и афирмација на вредностите кои се суштински придонес за меѓу културно разбирање и соработка. Наша примарана грижа е да ги почитуваме заедничките вредности кои го одбележуваат етничкиот, националниот и верскиот идентитет… Овие вредности треба да ни бидат показатели на патот за остварување на општеството еднакво за сите и на тој пат нема место за ширење на омраза. Она што ни е потребно е сеопфатна акција за препознавање и елиминирање на говорот на омраза. Сите политички партии, секој наш граѓанин, сите општествени институции, мораме да го дадеме заедничкиот придонес против говорот на омраза и да се обединиме во широко прифатениот општествен консензус: Нула толеранција за говорот на омраза и ништо помалку од тоа“, потенцираше Спасовски.

Оваа изјава на Спасовски доаѓа по нападите со говорот на омраза кон неколку новинари и градоначалникот Јанчев, што се совпадна и со формирањето на техничката влада со технички министри од ВМРО-ДПМНЕ, по што говорот на омраза, веќе присутен на социјалните мрежи и по медиумите, дополнително се засили.

Ама курац сеа полицијата е наша, а ти ќе го јадеш курот. – му пишува Јакимовски на Јанчев во една од многубројните пораки со говор на омраза.

Спасовски опомената за нулта толеранција кон говорот на омраза ја стави во контекст на предвремените парламентарни избори на 12 април.

„Очекувам професионална соработка помеѓу Владата и Собранието, а особено со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и со сите органи и тела кои имаат улога во организацијата и спроведувањето на изборите. Со организацијата на локалните избори во 2017 година, на референдумот во 2018 година и на претседателските избори во 2019 година поставивме стандарди кои не смеат да бидат нарушени и кои ќе бидат водилка и за организација на изборите закажани за 12 април оваа година“, изјави Спасовски.

БЛИЦ: Партиски и „технички“ функционери, пратеници и „безбедњачкото“ подземје водат кампања преполна со говор на омраза

Џабир Дерала: Тие структури сега се дел и од владата – техничка. Онаа што треба да обезбеди услови за слободни, фер и демократски избори. Нема што да се коментира понатаму.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: ДИК не е надлежна да одлучува по барањето на Чулев

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Барањето за мислење од Државната изборна комисија од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со несогласувањето Ристо Ставревски да се назначи за раководител на СВР Скопје, доби своја разрешница: ДИК не е надлежна да дава мислење. На денешната јавна седница од ДИК беа децидни дека освен што немаат ингеренции за ова прашање според Законот за Влада, самата одлука не е врзана со два потписи, на Чулев и на дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Во меѓувреме, и „Монструм“ остана без поротници и се враќа, сепак само формално, на почеток. Од „новитетите“ во судството, судскиот процес за случајот „Монструм” продолжува на 3 февруари, со нови 50 сведоци според најавите на адвокатите на обвинетите. Монструм формално се враќа на почеток, поради поднесена оставка на еден судија – поротник и истек на мандат на друг судија – поротник.

Од денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, може да се издвои предлогот на обвинителите како дополнителни сведоци да се повикаат лидерот на СДСМ Зоран Заев, свиркачот Звонко Костовски, Зоран Трајковски (лице кое го има во доказите на СЈО) и поранешниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски – Радник. Семејствата на оштетените како сведок го предложија и Синиша Алексовски,  долгогодишен соработник за безбедност на поранешниот претседателот Ѓорге Иванов.

„Новитети“ има и во случајот „ТНТ“, чие судење продолжува утре. На денешното рочиште повторно не се појави обвинетиот Тони Трајковски. Ова е второ непојавување на обвинетиот Тони Трајковски, откако поради немање уредна покана, тој и вчера не се појави на рочиштето.

По Законот за поништување на лустрација кој влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците, денеска на собраниска седница беше донесена одлука за повеќе законски решенија да се разгледаат по скратена постапка. Пратениците едногласно одлучија по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието, Предлог законот за стратешки инвестиции, а не беа прифатени по скратена постапка да се разгледаат предлог законите за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, и за изменување и дополнување на Законот за одбрана, двата поднесени од пратеници од опозицијата.

Да се вратиме на лустрацијата, пратеникот Влатко Ѓорчев се пофали на социјалните мрежи дека успешно бил спречен Законот со кој во времето на ВМРО – ДПМНЕ во период од 2008 до 2015 настрадаа токму критичарите на нивниот режим.

Конкретно за изборите, „ослободувањето од 18-годишното еднопартиско владеење на ДУИ“, како што рече д-р Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, ќе биде помогнато од новоформирана коалиција во албанскиот блок. За коалицирање уште се преговара, но Алијанса за Албанците, БЕСА и Алтернатива, се на чекор пред рушење на ДУИ.

„Како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулирањата и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање?“ – изјави Таравари.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО:

Емил Јакимовски од Централен регистар во полициска станица по пријавите за закани од двете новинарки

Оваа вест потврдена од МВР, доаѓа последователно како реакција на повеќето пријави од лица, но  и институции против Емил Јакимовски. Вчера Централниот регистар му даде отказ поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата, но и поради закани врз вработените.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Национал-шовинистите во хајка со говор на омраза против Џабир Дерала – Школски пример за функционирањето на вмровската национал-шовинистичка ботовска машинерија е последниот случај со нападите врз претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Тој е под жесток напад на ботовската машинерија на Твитер.

Еден од коментарите со говор на омраза против Џабир Дерала

ОД НАШ АГОЛ

Што бара Заев во Цариград? – Веројатно бара некаков начин да „затвори“ уште некое отворено прашање за Македонија, околу коешто се изгубени десетлетија успешни политички кариери во неговото нерешавање, смета Сашо Орданоски образложувајќи го вчерашното прашање на ВМРО-ДПМНЕ „во кое својство бил Заев на средбата со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул?“. Уште еднаш да се потенцира: Бил во својство на политичар кој решава проблеми.

А за актуелната лустрација, Зоран Иванов, од корнер, вели: И лустрацијата е покојна и покојникот е жив. Зошто? Па, најверојатно затоа што ни треба нова иницијатива за длабока и за коренита проверка на досегашните лустраторски решенија и ветинг врз судството, а потоа и ревизија на сите лустрации спроведени во околности на владеење на еден режим.

Од правна гледна точка, Мирјана Најчевска, го поставува прашањето кој е повеќе распуштен, пратениците или Собранието? Каде, прашува таа, во Уставот, Деловникот на Собранието или Законот за Собранието не се спомнува дека распишувањето на изборите или пак распуштањето на Собранието е причина поради која  пратеникот го губи или му се одзема мандатот?

„Младиќот би сакал да му порача на садистот (Н.Г. азилант во Будимпешта, заб. на дневникашот)нешто околу ферманот лаги: Цаноски не „дошол во ситуација“ сега да бара 40 милиони оштета која ќе треба да ја платиме ние. Стразбур не суди по сваровски принципи. Штетата ќе ја платиме ние, поради твојот садизам и желба да се одмаздуваш на оние што не мислат како тебе“, или експресна, попладневна констатација на Петрит Сарачини: И во Будимпешта тече низ панталони, зар не?

За крај, од наш агол, Мерсиха Смаиловиќ го актуелизираше прашањето за антисемитизам, кое се покрена со нејзината објава на Фејсбук упатена кон техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Или „Кога вревата ќе стивне“: Бошњаците, како и Евреите, често пати низ историјата биле на работ на истребувањето. И во таквите тешки моменти, каде што коегзистирале, меѓусебно си помагале, броејќи спасени  човечки животи од двете страни. Дури и по закана за својот живот, ја спасуваат еврејската света книга Хагада. Еднаш во време на Втората Светска војна, а вториот пат за време на агресијата врз Босна и Херцеговина во 1992 година, заклучува Смаиловиќ.

Биљана Јордановска

во соработка со Дијана Тахири, Дехран Муратов, Маја Ивановска, Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Зоран Иванов, Петрит Сарачини, Мирјана Најчевска и Мерсиха Смаиловиќ

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ