БЛИЦ коментар: ЏАБИР ДЕРАЛА
Загадувањето на јавниот и медиумскиот простор со говорот на омразата стана видлив и секојдневен проблем.
„Она што ни е потребно е сеопфатна акција за препознавање и елиминирање на говорот на омразата. Сите политички партии, секој наш граѓанин, сите општествени институции, сите заедно мора да дадеме свој придонес против говорот на омразата и да се обединиме во широко прифатениот општествен консензус. Нула толеранција за говорот на омразата!“ – рече Оливер Спасовски, технички премиер, а до пред десетина дена и министер за внатрешни работи.
Стана очигледно дека говорот на омразата е дел од стратегијата на „одредени политички структури“ кои трчаат на изборниот маратон во април годинава. Нивните партиски и „технички“ функционери и пратеници, а особено нивното „безбедњачко“ подземје води кампања преполна со говор на омраза, секој ден, секоја минута, во дел од медиумите и на социјалните мрежи.
Тие структури сега се дел и од владата – техничка. Онаа што треба да обезбеди услови за слободни, фер и демократски избори. Нема што да се коментира понатаму.
БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.