• Latest
Фотографија: ЦивилМедиа

14 ноември, заборавениот роденден на Кодексот на новинарите на Македонија

November 14, 2019

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

14 ноември, заборавениот роденден на Кодексот на новинарите на Македонија

November 14, 2019 17:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Фотографија: ЦивилМедиа

Фотографија: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Денес, драги мои, нашиот Кодекс на новинари полни 18 години. Точно толку поминаа од 14 ноември 2001 година кога, во мошне турбулентен и значаен период за нашата земја, новинарите направија исчекор во вистинска насока, и го донесоа документот кој не е само основа за воспоставување стандарди во професијата, туку и патоказ за јавноста и граѓаните, за тоа кој е всушност новинар и што е новинарство, а што не е.

Како што забележавте, овој ден нашата медиумска заедница го заборави и одмолчи. Со оглед каква е состојбата со почитувањето на стандардите кај нашите медиуми, не е ни чудно.

Но, како еден од 40тината потписници на усвојувањето и обзнанувањето на кодексот тој 14 ноември 2001-ва, јас лично, таа обврска преземена пред 18 години и ден – денес ја чувствувам како голема чест и одговорност. И, затоа, чувствувам за потреба да потсетам на овој датум, на Кодексот на новинарите кој треба да биде свето писмо на секој вистински новинар, да потсетам на на секојдневното газење на стандардите и етиката на професијата, како и на борбата што ни претстои за вистината да допре до граѓаните.

И решенијата за нашата подобра иднина лежат токму во овој документ. Таа е приказната, се менуваат технологиите, платформите, но суштината на новинарството останува иста, запишана во тој кодекс.
Неговото почитување, солидарноста во професијата која се базира на неговите вредности, може да придонесе многу за подобрување на состојбите и правење разлика меѓу вистинските новинари и оние што само така се претставуваат. А познавањето и прифаќањето на тие вредности од целата јавност, уште повеќе ќе придонесе за таа да стане поартикулирана и поуспешно да ги брани своите интереси наспроти центрите на моќ кои токму преку корумпирање на овие вредности сакаат да го јавнат новинарството, а со тоа и јавноста.

На сите вистински новинари и на целата јавност и го честитам роденденот и полнолетството на Кодексот, со желба за поуспешна заедничка борба во остварување на неговите вредности и идеалите на професијата која е чувар на јавниот интерес!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ