• Latest

Отворен прв плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад

September 29, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Отворен прв плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад

September 29, 2020 15:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Во рамки на Транспортниот центар во Скопје денеска беше отворен првиот плоштад за велосипеди – Велоштад. Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.

Велоштад – плоштад за велосипеди во нашиот град е овде кај Железничката станица, локација којашто заедно со Скопје Лаб од 11 понудени ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме првпат место каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги остават тука и да продолжат да користат јавен транспорт или воз и да можат безбедно да се вратат со велосипед, со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, присуствуваше на отворањето на Велоштадот.

Ова, потенцира градоначалникот на Град Скопје, е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои на граѓаните им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир истакна дека ова е еден од начините да се намали продукцијата на штетни гасови и да се овозможи почист воздух и оти тоа е во духот и на овогодинешната Европската недела на мобилност и Европска недела на спортот, чии мота се „Мобилноста со нулта емисија на гасови“ и „Биди активен“ .

Велосипедизмот и пешачењето, рече Гир, се едноставни и практични начни како ние може да помогнеме да останеме здрави и во добра форма, но во исто време и да придонесеме во исполнувањето на целите за намалена емисија на гасови.

Според информациите што ги имам, рече Гир, бројот на велосипедисти во Скопје значително е зголемен во време на коронакризата, што е добро, но во некое делови од градот е потребна и соодветна инфраструктура, унапредување на постојната и изградба на нова.

Овој плоштад за велосипеди е резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

На Велоштадот е исцртан и мурал, изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје, а сервисната станица која е поставена тука е добиена ја добивме од долгогодишните вело партнери од Стопанска Банка.

Велосипедскиот паркинг со кој се урбанизира делот од Транспортниот центар е идејно решение на Теа Дамјановска и Михајло Стојановски и е поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Делегацијата на Европска Унија го надополнува урбаното решение со мурал кој го става акцентот на важноста од достапен транспорт со нула-емисии за секого и ги поттикнува луѓето да негуваат поздрав стил на живот во текот на целата година. Муралот, финансиран од ЕУ, е дело на тројца дипломирани уметници: Сања Симоска, Сали Ертунц и Бранкица Јорданковска.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ