• Latest

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

November 11, 2020
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

September 10, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, остануваат уште 5 дена до последниот рок за пријавување

September 10, 2025

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

September 10, 2025

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

September 10, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025
Фото: Твитер

Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

November 11, 2020 16:56
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистинските политичари, коишто се сметаат себеси за европски политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат.  За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел. Вчера, навистина имавме конструктивни разговори во пријателска атмосфера, разговаравме како соседи, кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот и се надевам дека така и ќе продолжиме“, одговори премиерот Заев на новинарско прашање, дали во Софија било понудено да се потпише нов договор , со кој би се надминале отворените прашања, како што тврди бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

Заев истакна дека искуството во преговорите со Грција го научиле дека, на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение мора да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници.  Односно кога едната внимава на другата страна и обратно.

Во овој момент, додаде Заев, сè уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа.

„Тоа значи дека ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, и ние нема да го правиме тоа, секако и во периодот којшто претстои.  Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на заедничко, победничко решение. Македонските идентитет и гордост сè и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа“, додаде Заев.

Тој оцени дека е многу важно, како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.

„Целта е, низ Договорот, преку двете комисии, а тоа е историската Комисија и Меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата коишто секако ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, посериозно имплементирање на обврските од Договорот, како што е Коридорот 8, позначајни економски проекти и слично, со конечна цел да имаме поуспешна реализација на договорот за пријателство. Очекуваме, овие денови да се интензивираат разговорите, за на крајот непосредно пред 17-ти, а тоа е вторник, да се обидеме да постигнеме решение“, рече Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ